Свет„Политико“: ЕУ стравува дека владејачката партија во Грузија го попречува европскиот пат Според порталот, противниците на актуелната власт наведуваат дека потенцијалното членство во Европската унија е лоша вест за „Грузискиот сон“, за кој тврдат дека не сака да ги наруши односите со Русија.Грузија заостанува со другите кандидати за членство во Европската унија во трката за отворање на пристапните преговори, додека во Брисел, во исто време, расте стравот дека владејачката партија „Грузиски сон“ ги одложува клучните реформи и активно го опструира целиот процес, пишува „Политико“. Според порталот, противниците на актуелната власт наведуваат дека потенцијалното членство во Европската унија е лоша вест за „Грузискиот сон“, за кој тврдат дека не сака да ги наруши односите со Русија. Дополнително, тие посочуваат дека грузиските елити стравуваат дека нивните интереси би можеле да бидат оштетени со судските реформи што ги бара Европската унија. Во земјава во моментов се одржуваат масовни протести поради контроверзниот нов закон со кој невладините организации и медиумите кои добиваат средства од странство мора да се регистрираат како „странски агенти“, пишува „Политико“. Освен тоа, незадоволните граѓани протестираат и против нацрт-законот кој, доколку биде усвоен, ќе воведе строги ограничувања за ЛГБТ+ заедницата во Грузија, вклучително и забрана за признавање на истополовите врски и забрана за одржување јавни манифестации како што е парадата на гордоста. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека 79 отсто од граѓаните на Грузија сакаат да влезат во Европската унија, поради што грузиската Влада минатата година мораше да се откаже од сличен закон за „странски агенти“, кој сега повторно го предлага. Портпаролот на Европската комисија, кој сакаше да остане анонимен, рече дека најавата на владејачката партија „Грузиски сон“ дека повторно ќе го воведе нацрт-законот за странски агенти е „сериозно загрижувачки развој на настаните“. „Ја повикуваме Грузија да го повлече тој предлог-закон“, рече неименуваниот функционер. Тој потсети дека Европскиот совет и додели на Грузија кандидатски статус, со заложба дека Владата на земјата ќе преземе голем број чекори на патот кон ЕУ. „Ова вклучува обезбедување на слободата на собирање и изразување, како и слободно работење на невладините организации на кои треба да им се овозможи да учествуваат во законодавните процеси“, рече портпаролот на Комисијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурувањеЗа влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва. До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста? Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. Дали е ова така? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките. СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си. За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите. Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно. Скопје, 24.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook