Живот Погрешните одлуки влијаат погубно на нашиот живот, а ние тоа го нарекуваме судбинаЈунг нè потсетува дека судбината не е нешто што ни се наметнува однадвор, туку е резултат на нашите несвесни избори и внатрешни обрасци.Швајцарскиот психијатар и основач на аналитичката психологија, Карл Густав Јунг, на едноставен, но длабок начин, го осветлил едно од најстарите и најинтригантни прашања на човековата мисла: дали навистина постои судбина, можеме ли ние да ја обликуваме или нашиот живот е предодреден? Судбина – мит или реалност? Многу луѓе во тешки, безнадежни ситуации бараат утеха во верувањето дека постои повисока сила што управува со нивните животи. Од друга страна, кога животот тече непречено, кога постигнуваме успех или ги исполнуваме нашите соништа, честопати забораваме на идејата за судбина. Јунг токму во тоа го воочил клучот: она што го нарекуваме судбина е често одраз на несвесните процеси во нас самите. Како Јунг гледал на судбината Јунг еднаш рекол:„Ако не разбереме што се случува во нас, тогаш однадвор ни се чини дека тоа е судбина. Додека не ја освестите подсвеста, таа ќе управува со вашиот живот, а вие тоа ќе го нарекувате судбина.“ Овие зборови носат силна симболика. Според Јунг, судбината не е надворешна сила што дејствува независно од нас, туку одраз на нашата несвесна психа. Потсвеста, преку автоматизирани реакции, навики и модели на однесување, ги обликува нашите постапки и нивните последици. Ако не станеме свесни за овие внатрешни процеси, лесно е да веруваме дека нашите постапки и настани се „предодредени“ или резултат на судбината. Моќта на навиката и несвесното Јунг често истакнувал дека нашите навики се како семе: она што го сееме во нашата потсвест, подоцна никнува во реалниот живот. Една стара поговорка го сумира тоа: „Кој сее навика, жнее судбина“. Да се освести нашата потсвест значи да се разберат длабочините на нашата сопствена психа - нашите мисли, емоции и внатрешни конфликти. Тоа е процес на интроспективен и духовен раст, кој ни овозможува да ја преземеме контролата врз сопствениот живот. Кога ги осветлуваме скриените делови од себе, стануваме способни свесно да ги избираме нашите реакции, да ги обликуваме односите и да создаваме живот во согласност со нашите сопствени вредности. Зошто судбината изгледа несфатлива? Јунг верувал дека чувството оти судбината ги контролира нашите животи често произлегува од неможноста да ги разбереме сопствените постапки и нивните последици. Тој идентификувал неколку причини зошто судбината изгледа мистериозна: Недостаток на увид во сопствените мотивации и внатрешни процеси. Несвесни навики и модели на однесување што ги саботираат нашите цели и среќа. Феномени и настани што ни изгледаат нелогично или необјасниво, но имаат длабоко влијание врз нашите животи. Честопати сè што не можеме да го објасниме или предвидиме го нарекуваме „судбина“. Клучот е во работата на себе За Јунг, клучот во разбирањето и обликувањето на судбината лежи во работата на себеси. Со развивање на подлабока поврзаност со сопствениот внатрешен свет, прифаќајќи ги и светлите и темните страни на нашата психа, човекот станува архитект на сопствениот живот. Судбината тогаш престанува да биде мистериозна сила и станува одраз на внатрешна хармонија или дисхармонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter