„Поезијо, те сакаме!“ - манифестација на „Феникс“ - Канал 5

„Поезијо, те сакаме!“ - манифестација на „Феникс“

Афирмирани и млади поети ќе читаат свои стихови во чест на поезијата на манифестацијата „Поезијо, те сакаме!“ која по повод 21 март - Светскиот ден на поезијата денеска напладне ќе ја организира Културниот центар „Феникс“ во Скопје.

„Поезијо, те сакаме!“ - манифестација на „Феникс“

Ќе настапат 21 поет, меѓу кои Васил Тоциновски, Елена Пренџова, Мирче Нешовски, Христо Петрески, Душко Кралевски, Филип Димкоски, Љерка Тот Наумова, Лидија Давидовска, Ленче Милошевска, Деси Николова, Марина Мијаковска, Снежана Стојчевска, Виолета Сековска, Марија Ѓеоргиеска, Македонка Чадиноска...

- Треба да се помогне поезијата од маргините повторно да се врати во центарот, како еден од најспецифичните, најзначајните, најкреативните, најмасовните и најпопуларните литературни жанрови, соопшти „Феникс“.

Одлуката за прогласување на 21 Март за Светски ден на поезијата е донесена на 30-тото заседание на УНЕСКО во октомври/ноември 1999 година во Париз и од 2000 до денес се прославува во повеќе држави низ светот со поетски читања и со афирмативни пораки во чест на поетското творештво.

Централното чествување во Македонија беше вчера во организација на НУБ „Св. Климент Охридски“ и Македонскиот ПЕН центар.

Струшките вечери на поезијата во пресрет на Светскиот ден на поезијата вчера го соопштија добитникот на „Златен венец“ на 54-тото издание на фестивалот. Лауреат на СВП во 2015 година е кинескиот поет Беи Дао.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер