-Оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден", во населба Илинден. Во чест на двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2019 велигденски јајца. Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено велигденско јајце, велат од Општината.
Оваа манифестација Општина Илинден ја организира 13-ти пат. Во рамки на манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение" што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во изминатите дванаесет години обезбедени се вкупно 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура „Марино" и библиотеките во основните училишта./МИА