„Почитта треба да се заслужи“ – репортажа и уреднички коментар на Александар Видиновски - Канал 5

„Почитта треба да се заслужи“ – репортажа и уреднички коментар на Александар Видиновски

Дали дивите депонии, загадениот воздух и неуредениот простор станува нешто по што Македонија е веќе препознатлива во светот?

„Почитта треба да се заслужи“ – репортажа и уреднички коментар на Александар Видиновски

Македонија – земја на сонцето, преубава храна и природа, место каде живеат топли мирољубиви луѓе. Ова беше првата асоцијација за нашата земја. Изминативе години тоа се промени. Сега најчестата слика која сите ја носат од Македонија е ѓубре и катастрофално неуреден јавен простор. Дали ова е претерана оценка? Секако не. Зошто? Еве го одговорот во неколку минути.

Се движиме кон Скопје. Сакаме со неутрални очи да видиме како изгледа еден фрекфентен дел на Македонија. Ова е скопската обиколница. За разлика од сите други градови таа не е уредена. Отпадоците се расфрлани секаде. Сите намерници кои тука поминуваат го гледаат ова. Тие се чудат, ние се срамиме.

Си мислат дека тука инцидентно се случило волку да е валкано. Тоа што следи секако ќе ги демантира. Ова е северниот главен влез во Скопје. Кога ќе погледнат десно оддалеку да го видат светски познатиот кањон Матка. Погледот ќе им го пресретне огромна дива депонија. Дива депонија на влез на главен град. Државното знаме е поставено на ова важно место. Ова е пораз за сите нас. Немањето на систетем и одговорност, меѓу другите проблеми и државата ни ја претвори во буниште.

Зошто се дозволува оваа состојба, верувам на сите не им е јасно. Најмалку на оние кои дошле да ја посетат нашата земја. Најверојатно сакаат што побрзо да влезат во градот каде што се надеваат дека е по средено.

Еве што гледаат. Преполни контејнери. Отпадоци расфрлани во тревниците. Ова е во населбата Ѓорче Петров. Веќе сме во градот. Еве по ова сме познати.

Продолжуваме кон центарот на Скопје. Тука сите сфаќаат дека отпадоците и депониите кај нас не се исклучок туку правило. На дел од булеварите во главниот град на Македонија буквално се слева ѓубре. Единствено среќни се бездомните животни кои наоѓаат храна. Во далечина се гледа и Амбасадата на САД. По валканиот булевар и се доближуваме. Не дочекува оваа слика. На 200 метри од Амбасадата или домот на нашиот најголем стратешки партнер има цела депонија. Ова како „благодарам“ им го оставаме речиси во нивниот двор, а од нив очекуваме помош и поддршка во речиси сите аспекти на нашето постоење.

Згрозени до ѓубрето и смрдеата се симнуваме од калето. Надесно се гледа Националната арена „Тоше Проевски“. Сите кои сакаат од оваа перспектива убаво да го видат стадионот, нема да можат. Еве ја причината. Ова не е во некое зафрлено место, во некои зафрлено гратче. Ова е во центарот на Скопје. Каде и да се завртите ќе видите само ѓубре.

Ваков е погледот кон северниот влез на стадионот. Еве по тоа сме познати и зошто тоа станува дел од современиот македонски идентитет. Ова е на точно 450 метри од зградата на Владата. Подоцна за жал ќе видиме дека и во самиот двор на белата зграда има преполн контејнер од кои претекува ѓубре, но да се вратиме на нашата маршута.

Се симнавме во строгиот центар на градот. Ова е којот под мостот кој го носи името на нашиот најголем револуцинер Гоце Делчев. Под него секако ѓубре. Тоа веќе никого не го изненадува. Го прифативме како нормално. За жал ова констатација според многумина е вистинита.

И впечатокот да биде комплетен се погрижија надлежните. Ова е симболот на Скопје. Ова е објектот заштитен со закон. Ова е нашата гордост. Нема оправдување за тоа во каква состојба е. Од летоска кога последен пат го снимавме само се зголеми количеството на измет. Поради ладното фекалиите само ја смениле агрегатната состојба.

Тука има и остатоци од мртви животни, а инфраструктурата е девастирана. По ова не треба да им се лутиме ниту на соседите, ниту на сите другите кои не гледаат со потценување.

Измет има и на плоштадот Македонија. Кампањското чистење не дава резултат, а биодиверзитетот тука си постои.

Еве го заклучокот. Под еден – сосема е оправдано тоа што сите почнаа да не познаваат по ѓубрето и под два – додека не се исчистиме немаме право да бараме искрена почит. И три – ако немаме систем и одговорност, никогаш нема да имаме елементарно пристојна држава.

YouTube video

Висок британски советник: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

 Велика Британија и нејзините западни сојузници не се доволно подготвени за модерно војување, а особено за брза примена на нови воени технологии, предупреди членката на тимот за стратешки одбранбен преглед (СДР) на британската влада, Грејс Каси

Висок британски советник: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

Стратешкиот документ, кој ги анализира клучните безбедносни закани за Обединетото Кралство, ја нагласува итната потреба од инвестиции во напредни капацитети, муниција и оружје со долг дострел, како и способноста за брзо прилагодување на технологијата, пишува бриселскиот „Политико“.

Иако сите препораки беа усвоени, британскиот премиер Кир Стармер одби да се обврзе на зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од БДП, што е износот што експертите го сметаат за минимум неопходен.

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со субвенции

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции.

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со субвенции

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал.

ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила европското законодавство поврзано со финансирањето на Заедничката земјоделска политика. Според Комисијата, проблемот е системски и со години немало соодветен надзор и функционирање на системот за управување со субвенциите.

Со таканаречена „хоризонтална корекција“, Европската комисија го намалила износот на идните субвенции за Грција за 5 проценти, а дополнително изрекла казна од 10 проценти за средствата исплатени во 2018, 2019 и 2020 година за поддршка на млади фармери. Најголемите санкции се однесуваат на субвенциите за земјоделско земјиште во 2021 и 2022 година – соодветно 79 милиони и 76 милиони евра.

Весникот наведува дека најверојатно казната ќе биде платена од државниот буџет, бидејќи алтернативно би морале да се намалат субвенциите за земјоделците, што би било политички неприфатливо.

Во 2025 година се очекуваше Грција да добие околу 1,9 милијарди евра директни субвенции од ЕУ, но сега тој износ ќе се намали за 392 милиони евра поради неправилните исплати.

Извори од земјоделскиот сектор за весникот изјавиле дека ова е само почеток и дека следуваат нови санкции. Во март годинава, Судот на ЕУ ја одби жалбата на Грција на претходна одлука на ЕК и ја задолжи да ги покрие и судските трошоци.

Скандалот избувна кога Европското обвинителство отвори истрага против 100 лица во Грција. Според „Политико“, осомничените давале лажни изјави за поседување или користење пасишта и за земјоделски активности што не ги спроведувале, со што добивале незаконски субвенции.

На 19 мај, обвинители од Европското обвинителство, придружувани од 20 припадници на одделот за борба против корупција на грчката полиција, се обиделе да извршат претрес во седиштето на ОПЕКЕПЕ, но се соочиле со опструкции од страна на вработените. По скандалот, грчката Влада го разреши претседателот на агенцијата, а нејзините надлежности ги пренесе на Независната агенција за јавни приходи.

Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот-Емануел никогаш не разбира

Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите.

Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот-Емануел никогаш не разбира

Американскиот претседател Доналд Трамп увери дека не го напуштил самитот на Г7 во Канада пред неговиот крај поради конфликтот меѓу Израел и Иран и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.

-Претседателот Емануел Макрон од Франција, за публицитет, лажно тврдеше дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон за да работам на „прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Ова не е вистина! Тој не знае зошто сега сум на пат кон Вашингтон, но (моето заминување) сигурно нема никаква врска со прекин на огнот. (Причината) е многу поважна. Свесно или не, Емануел никогаш не разбира“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран.

притисни ентер