Планирала да ја породат со епидурална анестезија, но Фергусоновиот рефлекс ја изненадил - Канал 5

Планирала да ја породат со епидурална анестезија, но Фергусоновиот рефлекс ја изненадил

„Се породив за 40 секунди“ –

 Планирала да ја породат со епидурална анестезија, но Фергусоновиот рефлекс ја изненадил

Една трудница од Филаделфија имала пораѓај каков што посакува секоја жена.

Циана Гонзалес (24) успеала да направи речиси нешто невозможно - се породила за само 40 секунди. Првите контракции ги почувствувала три часа пред пораѓајот. Првично планирала да се породи со епидурална анестезија, но бебето ја изненадило.

- Почувствував како бебето се спушта. Викав: „Доаѓа!“ и воопшто не морав да се напрегам за да се породам, бебето само излезе – рекла Циана.

Што е Фергусонов рефлекс?

Ова породување се случило во август 2022. година, она што доживеала мајката од Филаделфија се нарекува Фергусонов рефлекс, познат и како рефлекс на исфрлање на фетусот, при што фетусот излегува од телото без напрегање.

Како што е наведено на веб-страницата „Heltline“, непосредно пред породувањето, густината на рецепторите за окситоцин во матката се зголемува дури 200 пати. Тоа значи дека матката е подготвена да реагира на овој хормон. За време на пораѓајот, телото ослободува окситоцин во импулси, а рецепторите стимулираат контракции. Контракциите го прошируваат грлото на матката и го движат бебето низ породилниот канал. Како што се зголемува притисокот врз грлото на матката и породилниот канал, нервните импулси му сигнализираат на мозокот да ослободи повеќе окситоцин. Дополнителниот окситоцин доведува до две или три силни контракции на матката кои го туркаат бебето надвор од телото на мајката.

Сепак, повеќето жени не доживуваат ваков пораѓај, бидејќи рефлексот за исфрлање на фетусот најверојатно се случува само кога мајката се чувствува „безбедно и поддржано“, пренесува Њујорк пост.

Во болница, природниот процес на породување е прекинат од звучните сигнали на медицинските апарати, прегледите што ги вршат лекарите и/или медицинските сестри, а сето тоа може да го попречи природниот рефлекс.

Мајките кои го искусиле овој рефлекс при пораѓајот велат дека се случува слично како кивањето, кога ќе почне еднаш, не престанува.

Гонзалес тврди дека се породила за 40 секунди зашто најпрво почувствувала лажни породилни болки (Бракстон-Хиксови контракции). Била во базен за породување кога сфатила дека всушност се породила.

-Немав време да излезам од кадата да се породам. Се прашував, кој ќе го земе бебето? – раскажала оваа млада мајка за СВНС (SWNS).

Младата мајка вели дека и своето прво дете, кое сега има две години, го родила на ист начин.

-Не ни знаев дека можам да го направам тоа сама, или дека бебето може да се роди без моја помош - вели Циана.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер