„Пламенка“ од Петре Димовски премиерно на сцената на битолскиот театар - Канал 5

„Пламенка“ од Петре Димовски премиерно на сцената на битолскиот театар

Акцентот во нашата работа е на македонските автори, на македонската драматургија и на македонските кративци и театарски работници.

„Пламенка“ од Петре Димовски премиерно на сцената на битолскиот театар

Националните установ Народен театар и Центар за култура-Битола и Интимен театар Битола денеска на прес конференција го промовираа заедничкиот проект, претставата „Пламенка“ работена според истоимениот роман на Петре Димовски во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во изјава за медиумите, директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека со овој проект продолжува политиката на менаџментот за давање предност на македонските автори.

-Акцентот во нашата работа е на македонските автори, на македонската драматургија и на македонските кративци и театарски работници. Минатата сезона почнавме со праизведба на претставата „Жиголо“, а оваа година ја почнуваме со праизведба на романот на Петре Димовски „Пламенка“. Тоа зборува дека сме доследни на тоа што го ветивме, посочи Мавровски.

Режисер на претставата е Софија Ристевска Петрушева и ја подготви во соработка со драматургот Билјана Крајчевска.

-Јас сум режисер на современото, но за мене беше важно да ги проследиме и нашите корени затоа што тука во овој роман се зборува за жената, а жената во моето творештво, во мојот живот и во мојата политичка кариера е многу важна. Присуството на жената, општествено полиитичките ситуации во кои жената се бори и други состојби се многу важни, и тие се искажани преку една жена како што е Пламенка, нагласи режисерката Ристевска Петрушева.

Во претставата „Пламенка“ ќе настапат актерките Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Викторија Степановска и за прв пат на театарската сцена, младата актерка Вероника Ефтимова, но и актерите Валентин Дамчевски и Давид Балтовски.

-На сцената нудиме специфичен уметнички израз во претставата која не е класична театарска постановка туку комбинација на поезија, актерска игра, музика и голема емоција која верувам дека никого нема да остави рамнодушен. Пламенка е еден потсетник дека жената е стожер, дека мајката, македонската жена е столб за работите да бидат цврсти, истакна актерката Андоновска Илијевски.

Во копридукцискиот театарски проект „Пламенка“ учествуваат и членови на КУД „Илинден“ чии сценски движења и кореографија ги подготви Љупка Стефановска, авторските видеа, фотографии и дизајн на плакат се на Сашо Илковски Сачма, композитор е Александар Талевски, а видео оператор Владимир Переловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер