Забава„Пивофест" во Прилеп почна во весела атмносфера со посетители од земјава и странствоВо весела атмосфера, со голема забава и музика за сите генерации со голтка пенлив пијалак и вкусна скара, синоќа, во Прилеп беше отворена големата атрактивна летна манифестација „Пивофест 2019".Пред илјадници посетители на свеченото отворање на големата фестивалска бина прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, наздравувајќи им порача добредојде на сите посетители. – Посакувам да се забавувате, да се дружите и со добра мисла да бидеме заедно во Прилеп овие четири фестиваски дена, рече Јованоски. Атмосферата весела и на штандовите, на плоштадите, пред големата сцена, како и кај алтернативната на Камената бина на плоштадот „Александрија" и на неколкуте локации во градот со забава за сите генерации. Според пиварниците и скараџиите, има голем интерес да се вкусат производите, а кулминацијата се очекува овие три дена, особено вечер и утревечер. Анкетирајќи ги посетителите сретнавме домаќини кои чекаат гости од другите градови од земјава, а веќе се дојдени и гостите од соседството, како и нашинците од дијаспората, особено од Австралија. Неподелено е мислењето дека по Фестивалот, Прилеп е препознатлив во регионот, има 17-годишна традиција која треба да се одржува, а како што нагласува туристичкиот водич Милан Велески, „Пивофест" е голема туристичка атракција. -„Пивофест" е препознатлив и атрактивен како настан во Пелагонискиот регион. Тој е туристичка атракција која го привлекува вниманието на посетителите и гостите од цела Македонија и од странство. мене ми се најавија гости кои моментално се во Скопје и во Охрид дека ќе го посетат „Пивофест". фестивалот треба да се развива, изјави Велески. Голем број посетители привлекоа синоќешните изведувачи: „Прилепски еснаф", дуетот Селимова – Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а посебно внимание предизвика концертот на групата „Галија" кој ја воодушеви публиката. На алтернативната сцена на Камената бина за младите имаше музика и перформанси на стаклен светлечки робот кој предизвика големи атракции. Денеска се очекуваат бројни посетители. Вечер на големата фестивалска бина ќе настапат: Ален Хасановиќ, Миле Кузманоски, Кантурови и на крајот Светлана Ражњатовиќ-Цеца. Во текот на утрешниот ден се очекува посета и на политичари и на дипломатски претставници во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаПревентивни активности СВР Штип и СВР СкопјеНа 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“. Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници. На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други. Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муницијаЛишени од слобода повеќе лица.На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција. На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица - Л.С.(19) и двајца 16 - годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook