„Пиниокио" уште една претстава на онлајн репертоарот на Кумановскиот театар

Кумановскиот театар продолжува со online репертоарот кој го почна оваа недела. Од денеска, гледачите, децата и возрасните можат да ја проследат претставата „Пинокио".

-Се надеваме дека ќе уживате во ликовите на Ѓепето, Пинокио, самовилата, лисицата, мачорот и сите останати ликови кои ќе ви приредат една незаборавна авантура, информираат од Кумановскиот театар.

„Пинокио" е работена по тескт на Карло Колоди, во режија на Бојана Краљевска, а играат: Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ, Љупчо Хаџи – Стојанов. Претходно, Кумановскиот театар ги прикачи, комедијата „Бегај, еве ја жена ти-Па не баш", детската претстава „Волшебникот од Оз" и „Ревизор". /МИА

Претставата ќе биде на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=NvS29PhcDaE&fbclid=IwAR3KQfWk7qd-bqGTZJwvcoKU0SYSVtdIeEhkGed9JgczAwmelUypz-Aqpoo

притисни ентер