„Пингвинот“ - интерактивна монодрама за менталното здравје вечер на „Скопско лето“ - Канал 5

„Пингвинот“ - интерактивна монодрама за менталното здравје вечер на „Скопско лето“

Во „Котур кафе и филм“ вечер од 20 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе биде изведена интерактивната експериментална монодрама „Пингвинот“ во продукција на театарот „Златен Елец“. 

„Пингвинот“ - интерактивна монодрама за менталното здравје вечер на „Скопско лето“

Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, се работи за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог.

-Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни коишто покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако сè уште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител, соопшти ДирекцијаТА за култура и уметност - Скопје.

Режисер на монодрамата е Тамара Стојаноска, а настапува Лео Поповиќ. Двајцата автори на проектот ја избраЛе музиката за претставата.

Идејата е „Пингвинот“ ќе се надградува и со секоја нова изведба и интеракција со публиката, наведува организаторот, „да отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Нивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа.

Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење.

Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството.

Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider).

„Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата.

Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи.

Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор.

Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен

[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.

Јанчев:  Напредуваат градежните активности на затворениот базен

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Во Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди.

На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи.

Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар.

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер