Култура„Пијано Трио“ вечерва на „Охридско лето“„Пијано Трио“ со Татијана Петрушевска-Караскаковска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано вечерва на „Охридско лето“Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашето „Пијано Трио“ составено од уметниците Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски на пијано. Татијана Петрушевска-Караскаковска е прва обоа во оркестарот на Националната опера и Балет, Марјан Милошевски – прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, и пијанистот Петар Макариевски – уметнички соработник при ФДУ. Тројцата уметници ги сдружија своите сили во 2014 година во рамки на „Пијано Трио“. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желбата за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоењето на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведба на дела кои не се само за соло инструмент туку во соработка со други инструменти. Формацијата на овој ансамбл овозможува широк спектар на репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В. А. Моцарт, Ф. Пуланк, Г. Ф. Хендл, А. Вивалди, А. Рајхенауер, Л. В. Бетовен, М. Глинка, се само дел од композиторите кои се на репертоарот на Триото кој постојано се збогатува со нови композиции. Својот прв настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД-то во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје. Следуваат концерти во Демир Капија, Куманово, Виница, Kрушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево, Кочани и Нови Сад. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а делата и изведбата на Триото секогаш наидуваат на одушевување кај публиката. Во 2022 година македонските композитори Вања Николовски-Ѓумар и Филип Иванов напишаа дела специјално за „Пијано трио“, а истите својата светска премиера ја имаа на Фестивалот за камерна музика во Нови Сад – Европски град на културата за 2022 година. Во ноември 2022 година „Пијано трио“ настапи со рецитална програма на фестивалот „Есенски музички свечености“ со дела од светската литература. Во 2023 година композиторите Костадин Делиниколов и Горан Начевски посветија свои композиции на „Пијано трио“ кои имаа светска премиера на ДММ 2023 година. Во јули 2023 година триото настапи со целовечерен концерт на реномираниот фестивал „Охридско лето”. Истата година во септември триото настапи со целовечерен концерт во Македонскиот културен центар во Истанбул исклучиво со дела на македонски композитори. Во 2024 година „Пијано трио“ го одбележа својот десетгодишен јубилеј со целовечерни концерти во Виница, Офицерскиот дом во Битола, фестивалот на СМУМ „Златна лира“ и КИЦ на РСМ во Загреб. Во 2024 година триото ја доби наградата „Георги Божиков” која ја доделува СОКОМ, за низата успешни концерти во земјата и странство со дела од македонски композитори. Она што го карактеризира „Пијано трио“ како состав се истенчниот и моќниот звук, интерактивноста, прецизноста во изведбата, индивидуалноста и виртуозноста на музичарите. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. На програмата се дела на Де Грандвал, Бетовен, Николовски-Ѓумар, Франсеј. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook