Пицула: Финансиската помош за земјите од Западен Балкан треба да почне да се условува

 Финансиската помош за земјите од Западен Балкан треба да почне да се условува во зависност од напредокот.

ЕУ мора да се откаже од концептот на мека моќ и дека финансиската помош за земјите од Западен Балкан треба да почне да се условува со напредокот во демократизацијата, изјави известувачот на европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула.

Во интервју за Радио Слободна Европа Пицула рече дека извештаите на независните аналитичари укажуваат дека ЕУ потрошила 700 милиони евра во регионот од 2014 година за зајакнување на демократските институции, но дека тоа едноставно не дало резултати.

ЕУ треба да развие механизам за условување во сите оние случаи кога тие пари не ги даваат посакуваните резултати поради отпорот на политичките елити или влошувањето на ситуацијата со состојбата со човековите права и назадувањето на демократските институции, загрозувајќи ја слободата на медиумите, истакна Пицула..Тогаш ЕУ треба поодлучно да реагира и да ја прекине исплатата на тие средства, изјави пицула и додаде дека „различните автократи го разбираат само таков јазик”..

Шаќири: Приоритет на МОН е градење квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.

– Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

Владиниот економски тим на средба со делегација на ЗЕЛС

Дел од министрите од Владиниот економски тим, остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, се наведува во соопштението од Владата. 

Дел од министрите од Владиниот економски тим, предводени од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван со министерите за финансии Фатмир Бесими, економија, Крешник Бектеши и локална самоуправа, Горан Милевски, денес остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, која ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и потпретседателите, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а во која беа и градоначалниците на Теарце, Нухи Незири, градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Претставниците на ЗЕЛС ги изнесоа предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, поврзани со економската и енергетската криза и побараа поддршка од Владата, за да истите бидат полесно надминати.

Вицепремиерот Битиќи и претставниците на Владата посочија дека за секое прашање, кое е важно за граѓаните се води отворен дијалог и притоа ја истакнаа отвореноста за соработка со единиците на локална самоуправа за заедничко надминување на тековните предизвици. Сите теми кои се важни за граѓаните, за нормално функционирање на општеството треба да се дискутираат и да се најдат најсоодветни решенија кои се во општ интерес.

На состанокот, се согласија предизвиците со кои се соочуваат единиците на локална самоупрва да се елаборираат детално, да се направат соодветни анализи и да се предложат соодветни решенија за нивно надминување.

притисни ентер