СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот
1СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
2ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот
1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
Забава„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните.Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и титули пропратени со изложба на фотографии и визуелни помагала, а Специјалната единица со кучиња (К9) при Министерството за внатрешни работи ќе изведе показни вежби и детекција на недозволени средства. Македонска асоцијација на стилисти за миленици заедно со учесници од Бугарија и Србија ќе презентира како да се негува крзното на милениците, а ќе биде претставен и накит за кучиња, иновативно јапонско решение за дентална хигиена на миленици и ќе има артистички цртежи на миленици во живо. Во рамки на манифестацијата ќе има и ликовно и детско катче. Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓанитеМицкоски ја распродава Македонија.Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании. Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува. Прво, за дата-центрите – одлуката е веќе донесена од Мицкоски. Дата-центрите ја загреваат водата, трошат огромни количества електрична енергија, а сметката ја плаќаат граѓаните и земјоделците кои ќе останат без вода. Нема нови работни места, нема профит за државата – профит има само за компанијата. Водата е најважниот ресурс. Во време кога водата на повеќе од 50 места во Македонија е загадена, Мицкоски сака да копа антимон. Ископувањето може да биде опасно за граѓаните, бидејќи изложеноста на прашина може да ги оштети белите дробови и да влијае врз срцето, црниот дроб и други органи, а може да дојде и до загадување на подземните води. Водата тогаш може да содржи антимон и други тешки метали. Јасно ви е колку може да биде опасно, кога сега во водата имаме бактерии од фекално загадување, а замислете го и ова. Веќе 11 недели не можеме да добиеме извештај дека водата во Гостивар е чиста, иако над 5.000 луѓе завршија во болница. Како оваа неспособна власт ќе се справи со ризиците од рудник за антимон? Ископот на антимон е опасен исто како и литиумот. Запрен е на повеќе места во Европа токму поради опасност по животната средина и по луѓето. Изгледа дека Мицкоски одлучил да им ги земе сите пари на граѓаните, да земе провизија од секој проект и да ја упропасти целата држава. Да ги истера луѓето од сопствената земја. Мицкоски нема право да ја распродава земјата, водата, рудите, националните богатства Мора граѓаните да се прашаат. Во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници. Бараме референдум! Македонија не е на распродажба! Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законотОвој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДС и ДУИ во него се активираат.Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството. Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци. Во таквите постапки, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа. Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДС и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем. Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други. Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата. Овие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните. На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook