ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
1ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
Култура„Песни и звуци од чудната шума" – поетско-музички перформанс на ВИС Тркалезна маса Во рамки на Скопско лето, вечер во 20:30 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, концерт ќе одржи „ВИС Тркалезна маса".„ВИС Тркалезна маса" е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции". Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални", ВИС Тркалезна маса настапувале на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа. Проектот „Песни и звуци од чудната шума" е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума". Настапуваат: Ана Голејшка Џикова – вокал, Ѓоко Здравески – вокал, Владимир Лукаш – гитара, мелодика, Васко Марковски – мандолина, мандола, Деан Шкартов – хармоника, сајзер, Душан Кировски – гитара, Перо Сарџоски – кавал, џембе, Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки, Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти, Круме Стефановски – кахон и Тома Димовски на деф. Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон" во Градскиот трговски центар. Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција. Влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен системДодека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер.Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија. Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство. Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем. Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите.Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство“ и сè е „доверливо“ и „во тек на истрага“. Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо. Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите“, наместо да ја превземе одговорноста. Зошто Обвинителството ги криеше податоците од анализата на водата? Кого штитеше сега? Кој ја затру вода која заврши во водоводот? Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена. Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните. ВМРО-ОКГ има „чувство“ само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање - тогаш одеднаш сè е „истрага“ и „доверливо“. Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост“ и „истрага“. Скопје, 21.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од КанадаТрамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечни производи и алкохол.Секојдневните потрошувачки производи како вино и стапови за хокеј и индустриски стоки како цемент се меѓу целните стоки. Сепак, неколку клучни извозни производи ќе бидат поштедени, како што се енергијата, критичните минерали и рибата. Премиерот Марк Карни одговори велејќи дека Канада е подготвена да ги „интензивира“ трговските разговори со САД во наредните недели. Белата куќа соопшти дека царините ќе стапат на сила за 30 дена. Тоа означува голема ескалација на трговските тензии меѓу северноамериканските соседи. Новите давачки се однесуваат на сите опфатени стоки, без оглед на тоа дали производот бил вклучен во постојниот договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико. Тој, исто така ги наведе „заканите за канадскиот суверенитет“, повикот на Трамп северниот сосед на Америка да стане 51-ва американска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53