Култура„Пејзаж на вознемиреност - 11 критични жешки точки во Република Македонија“ во МСУВо Музејот на современата уметност, вечер во 19 часот ќе се одржи настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Македонија“.Во Музејот на современата уметност, вечер во 19 часот ќе се одржи настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Македонија“, во чии рамки е предвидена промоција на публикација, изложба на фотографии и презентација на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски. Настанот, како што наведуваат од МСУ, е резултат на неколкумесечното истражување и изложба со истоимениот наслов и се однесува на Република Македонија како една од земјите на Западен Балкан кои претставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред сѐ, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија на населението. И низа други фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните. -Публикацијата е дел од проектот „ПЕЈЗАЖ НА ВОЗНЕМИРЕНОСТ- КУЛТУРА И УМЕТНОСТ ЗА ИДНОТО КОЕГЗИСТИРАЊЕ СО ЕКОЛОШКИТЕ КРИЗИ И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ’ и започнува со објаснување и визуализирање на таканаречените жешки точки на Македонија, односно антропогеоморфолошки пејзажи, каде нивната ургентност за решавање произлегува од критериумите како количеството на отпад, токсичноста, близината до населените места и концентрацијата на опасни хемикалии, посочуваат организаторите. Во продолжение, се прикажани работилниците кои беа дел од проектот, реализирани во Велес, Битола и Преспа, со цел подигнување на свеста и мобилизација на граѓаните околу прашањата на локалните девастирани животни средини; и третиот дел се однесува на изложбата во Музејот на современата уметност во Скопје во март 2023 година, која е создадена од сите учесници вклучени во проектот, каде се истражуваа и практикуваа нови модели на соработка, стратегии и иницијативи кои подразбираат заедничко дејствување. Изложбата ја градат фотографии од 11 жешки точки лоцирани од професорот Стафилов и кои се однесуваат на конкретни локации на активни и затворени индустриски објекти што генерираат отпад и ја загадуваат животната средина со тешки метали. Во рамки на настанот свои обраќања ќе имаат и проф. д-р Стафилов и Тихомир Топузовски. Фотографиите се авторство на Денис Сарагиновски, а целиот настан е продуциран во соработка со кураторката Ивана Васева. Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter