Партиите го чекаат ставот на комисијата за заразни болести за изборите

Се уште се чека одговор од Комисијата за заразни болести – дали во Македонија има услови за одржување на брзи праламентарни избори.

За тоа кога тие да се одржат најголемите политички партии се со различен став – СДСМ бара да се спроведат што поскоро, а од ВМРО-ДПМНЕ велат да не се брза. Заедничко и за едните и за другите е тоа што велат дека најважно им е здравјето на граѓаните.

Своите аргументи лидерите на партиите ќе ги соочат во вторник на средбата кај претседателот Стево Пендаровски. Премиерот Оливер Спасовски се надева дека на оваа средба во Вила Водно ќе се постигне договор.

“ Јас не знам дали е иделано време јуни да се одржат избори но мислам дека најавите да се врати можно оваа криза после септември мислам дека е неопходно што е можно побрзо тие избори имајќи го во предвид дека на државата и се потребни функционални инстувции кои ќе носат одлуки, меѓутоа сепак рековме дека тоа ќе биде детерминирано и од развојот на здравствената криза, јас очекувам дека ефектите од мерките кои досега ги преземавме се добри и дека ќе дадат уште подобри резулатит и дека ќе се створат услови да одиме на избори дали тоа ќе биде јуни или почетокот на јули ќе видиме како и да е ќе биде одлука што ќе се донесе на тие стручни анализи. “

ВМРО ДПМНЕ засега не одат со конкретен датум за избори, и понатаму се на ставот дека справувањето со епидемијата е приоритет и избори треба да има кога ќе постојат услови за нивно одржување. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во вчерашното интервју за САМО ВИСТИНА кажа дека на маса во вторник презентираат план за излез од ситуацијата.

-Ние не смееме да се доведеме во ситуација луѓето да заболуваат од коронавирус или не дај Боже да ги губат своите животи за во Македонија да се случат избори. ВМРО-ДПМНЕ типува на избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниеден човек кој оди на галасање дека нема да се заболи од коронавирус, тоа е основно за нас затоа што нас не ни треба власт ако резултат на изборите на кои сме ја добиле власта не дај Боже се заразат стотици луѓе и не дај Боже умрат десетици луѓе. Нас таква власт не ни треба, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во вчерашното интервју за САМО ВИСТИНА.

Но, неофицијално во опозициските редови се типува на септември како идеалано време за изборна битка. Но, велат доколку на лидерската средба кај Пендаровски мнозинството се согласат датумот да биде порано во текот на летото тие ќе побараат гаранции за заштита на здравјето на граѓаните и создавање на минимум услови за фер избори. Слични услови за избори веќе поставија и од ДУИ.

Работник бил прободен со шипка од 90 сантиметри- мислеле дека загинал, но се случило чудо

Градежен работник од Бразил имал неверојатна среќа што преживеал страшна несреќа откако се лизнал на скеле од пет метри.

Тој паднал директно на метална прачка долга 90 сантиметри, која го прободела од задникот до градите, ги прободела стомакот, црниот дроб и градите.

Несреќниот 57-годишник итно бил префрлен во болница во градот Куритиба, каде лекарите направиле рендген и сфатиле дека шипката допира до дијафрагмата, пишува Дејли Стар.

За среќа го промашила срцето, но неговата состојба била сериозна и морале брзо да делуваат. Хирурзите опишале како го спасиле, а операцијата започнала со стернотомија (сечење на градната коска).

Потоа го отстраниле оштетеното ткиво и ги санирале внатрешните повреди, по што му била извршена трансфузија на крв.

По неколку дена, пациентот можел да стане и да јаде, а неколку недели подоцна бил пуштен на домашно лекување.

Пред тоа, лекарите забележале големо ткиво со лузна на дел од уретрата, но не е јасно дали било преземено нешто во врска со тоа.

Медицинските експерти велат дека вакви несреќи се ретки, а најчесто се случуваат во градежништвото. Голем процент од нив се фатални, или подоцна доведуваат до компликации.

Спелеолог се борел 27 часа за воздух, заглавен во теснец, над 1.000 спасувачи не му помогнале

Пештерата Nutti Putti, во американската сојузна држава Јута, е озлогласена во спелеолошката заедница, но отсекогаш привлекувала авантуристи.

На крајот на 2009 година станала позната низ целиот свет по несреќата на истражувачот Џон Едвард Џонс. Неговата смрт е опишана како „најлошата што може да се замисли“.

Џон и неговите роднини решиле да ја истражат пештерата што се наоѓа југозападно од езерото Јута и на околу 50 километри од Солт Лејк Сити.

Експертите подоцна рекле дека тој практично се „закопал жив“, бидејќи решил да ги истражи тесните премини, каде што претходно се организирале спасувачки операции.

И покрај ризикот, Џон се заглавил во исклучително тесен премин што имал остар свиок на крајот. За жал, тој погрешил во немапираниот дел, каде што се заглавил.

Несреќниот човек се нашол во пукнатина широка меѓу 25 и 45 сантиметри, заглавен со главата надолу и тогаш почнува неговиот пекол, пренесува LadBible.

Не можел да се сврти, едната рака му била над главата, а другата покрај телото.

Роднините излегле надвор и повикале помош, а волонтерката Сузи Мотола подоцна изјавила дека Џон бил расположен и покрај незавидната ситуација.

„Тој ми рече: „Здраво Сузи, благодарам што дојде. Навистина сакам да излезам надвор“.

Меѓутоа, како минувале часовите, Џон го обзеде паника. Потоа рече:

„Овде ќе умрам. Не излегувам одовде, нели?“.

Повеќе од 1.000 спасувачи се обиделе да го извлечат несреќниот човек, користејќи јажиња, но напорите не вродиле со плод. Еден од нив му пришол на Џон и го прашал како се чувствува:

"Ужасно. Не ми се верува дека сум наопаку. Нозете ме убиваат“, одговорил веќе исцрпено.

По 27 часа исцрпувачка борба за воздух, Џон почнал да губи сила. Спасувачите го слушнале како плитко дише, но не можеле да му помогнат.

На крајот бил прогласен за мртов на 25 ноември, откако срцето му застанало.

Надлежните сметале дека е премногу опасно да се обидат да го извлечат безживотното тело, па одлучено е да се бетонира влезот во пештерата.

Пештерата Нути Пути станала гробница на Џон Едвард Џонс, а неговата трагедија служи како предупредување за сите спелеолози во светот.

Тела на четворица Украинци се извлечени од водите на реката Тиса на границата со Романија

Во изминатите неколку дена од реката Тиса на границата на Украина со Романија се извлечени тела на четири удавени лица, од кои најмладиот имал само 20 години, соопшти Државната гранична служба на Украина.

„Во соработка со колегите од МВР, граничарите добиле информација дека се пронајдени телата на двајца мажи, од кои едниот имал само 20 години“, соопштија од граничната служба.

Еден од удавените го пронашол локален рибар. На местото на настанот биле повикани спасувачи и полиција.

Претходно, на брегот на Тиса било пронајдено уште едно тело на маж.

„Средовечен маж почина со знаци на долготрајна изложеност на вода. Романските граничари го открија телото на нивната страна од границата, а во тек е идентификација на удавениот“, соопшти Државната гранична служба.

Претходниот ден локалните медиуми објавија дека се пронајдени телата на шест удавени лица, а судејќи по состојбата на некои од нив, тие долго време поминале во планинската река.

Во март, украинската гранична служба ја објави 22-та смрт од давење во реката Тиса од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, а десет мртви биле извлечени од Тиса минатата година.

Според официјалните податоци, минатата година 5.400 Украинци илегално ја преминале романската граница во обид да избегнат воен рок, а наводно околу 2.000 од нив успеале да ја препливаат Тиса.

притисни ентер