"Паркирај каде било" е-велосипеди почнаа да се изнајмуваат во Британија - Канал 5

"Паркирај каде било" е-велосипеди почнаа да се изнајмуваат во Британија

Велосипедите на Lime E имаат мотор, што го олеснува движењето и почна пробно да се изнајмува во гратчето Милтон Кејнс, во Британија.

"Паркирај каде било" е-велосипеди почнаа да се изнајмуваат во Британија

И покрај ризикот од вандализам,во Британија почна изнајмувањето електрични велосипеди Тие може да се отклучат за една фунта ,потоа да се паркираат каде било по употребата ,а со апликација компанијата ги следи и по потреба ја надополнуваат батериите. Возењето чини уште една фунта за секои 30 минути , а се плаќа преку апликација на мобилниот телефон.

Компанијата Lime E со седиште во Силиконската долина веќе изнајмува електрични велосипеди во Европа и Америка и велат дека помалку од 1% биле намерно оштетени или украдени.

Џанаки Момаја, генерален менаџер за Lime UK, вели : "Милтон Кејнс е динамичен град со иновативност во транспортот. Не можевме да одбереме подобро место за старт во Британија и со нетрпение очекуваме брзо да се прошириме и во други региони".

Гратчето Милтон Кејнс веќе има систем за изнајмување велосипеди на педали со 40 паркинг станици и тоа од јуни 2016 година, но операторот Сантандер се пожали дека минатото лето поради вандализам и уништување на велосипедите биле во загуба од 200.000 фунти.

Но новите електрични велосипеди имаат брави против кражба , аларми и можност за следење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер