АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
Шоу биз„Парамаунт“ и „Ворнер брос“ ќе ги спојат стрим-услугите по спојувањето на компаниитеПродукциската куќа „Парамаунт“ (Paramount) ќе ја спои својата стрим-услуга „Парамаунт +“ со „ХБО макс“, по успешната понуда за купување на „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery), изјави вчера извршниот директор на „Парамаунт“.Продукциската куќа „Парамаунт“ (Paramount) ќе ја спои својата стрим-услуга „Парамаунт +“ со „ХБО макс“, по успешната понуда за купување на „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery), изјави вчера извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон. Тој додаде дека компаниите планираат да ги комбинираат своите портфолија за стрим-услуги во една платформа во текот на наредните години. Заедно, двете платформи во мигов имаат повеќе од 200 милиони претплатници во над 100 земји, иако се очекува одредено преклопување да ја намали таа бројка откако ќе заврши спојувањето. „Парамаунт“ го заврши четвртото тримесечје со 78,9 милиони претплатници, а „Ворнер“ пријавила 131,6 милиони претплатници, пренесе ДПА. За споредба, „Нетфликс“ неодамна надмина 325 милиони претплатници. Унифицираната услуга би ги обединила големите франшизи, вклучувајќи ги „Игра на тронови“, „Сопранови“, „Јелоустоун“ и „Ѕвездени патеки“ на една платформа. Елисон не објави име за новата платформа, што би означило ребрендирање за „ХБО макс“. Како дел од трансакцијата, „Парамаунт“ ќе го купи и американскиот радиодифузер „Си-ен-ен“. Извршниот директор рече дека засега „Парамаунт“ нема намера за продажба на кабелските средства. Планираното спојување на „Парамаунт“ со „Ворнер брос“ следи по натпреварот со „Нетфликс“. Откако одлучи дека „финансиските услови на договорот веќе не се привлечни“, „Нетфликс“ на крајот се откажа од борбата за купување на „Ворнер“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter