„Папрадишки мајстори“ – по јубилеен десетти пат во Велес - Канал 5

„Папрадишки мајстори“ – по јубилеен десетти пат во Велес

Сите му се радуваат на сонцето. На платната со пејзажи и со мотиви од македонската архитектура доминираат светли композиции, а тие сликаат и дури и на пладне уживаат на чардаците во спомен - куќата на Јордан Хаџи Константинов Џинот и на Касапови во Велес.

„Папрадишки мајстори“ – по јубилеен десетти пат во Велес
Уметниците, учесници на годинешната сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ велат дека дошле од земји во кои дождот и тмурното време ги демотивирале, па сега можат комплетно да го прикажат творечкиот набој.

„Создавам дела инспирирани од староградската архитектура и пејзажите во Македонија“, вели Димитри Самодранов, академски сликар од Москва – Русија.

„Работам се што ќе видам. Овде многу грее сонцето, а тоа е многу убаво бидејќи е многу светло“, рече Ана Димковиќ, академски сликар од Загреб – Хрватска.

„Јас дојдов со план да создадам две дела поврзани со циклусот на кој веќе работам и е посветен на вечните митови гледани низ окото на современиот човек и модерното време“, објаснува Братислав Радовановиќ, м-р по графика од Белград – Србија.

„Кога дојдов во мојата мила Македонија, ме дочека сонце, топло е, жешко и припекува, тоа што го сакам. Шетајки наоколу најдов трња што ме фасцинираа со својата структура или како природата ги прави тие форми затоа што ние секогаш имаме инспирација во природата“, додава Галина Малакова.

Годинешната сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ е јубилејна, десетта по ред. Досега на неа учествувале околу 200 автори од Македонија, Балканот, Европа и Светот. Таа почна во родното село на најголемите македонски градители, неимари и зоографи. Пред шест години од Папрадиште е префрлена во спомен -куќите во Велес со цел да им биде поблиска на граѓаните.

Секоја година на колонијата учествуваат по дваесет уметници и копаничари. Организаторите размислуваат наместо десет дена да трае еден месец со учество на што поголем број на учесници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. 

Рибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни

Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците.

Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови.

Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер