ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
Живот Падот на мраз може да биде доста опасен – Еве што не смеете да правите во случај на ваква незгода!Докторите предупредуваат да обратите внимание на последиците, на болката и повредите, на тоа дали имате вртоглавица и веднаш да побарате итна медицинска помош. Во текот на зимските месеци, паѓањата на снег и мраз се доста чести. По падот, прва реакција на луѓето е обидот брзо да станат, бидејќи се уверени дека не се повредени, барем не многу. Сепак, лекарите предупредуваат дека ова е најголемата грешка што можете да ја направите по една таква незгода. Специјалистот по итна медицина, д-р Хедер Хиншелвуд, објаснува во кои ситуации после паѓање е важно да се побара лекарска помош. - Ако сте изгубиле свест поради падот, имате потешкотии со дишењето или земањето воздух ви предизвикува болка, ако не можете да се движите или не сте можност да користите дел од телото поради болка, ако чувствувате дека нешто не е во ред, но не сте сигурни што е тоа, задолжително побарајте брза помош (194) и почекајте лекар. Никогаш не претпоставувајте дека сте добро ако препознаете некое од овие сценарија – нагласува докторката. Како што истакнуваат многу лекари, никогаш не треба да станувате пребрзо по падот, бидејќи пребрзото станување може дополнително да ги влоши повредите или исчашувањата што може да ги имате. Во случај на пад, обрнете внимание на следниве симптоми: - видлива повреда на телото - силна болка, особено во главата - ограничено движење на рацете и нозете - трнење и повреда на главата - вртоглавица За безбедно и бавно станување, се препорачува прво полека да седнете или да се свртите на страна, а потоа постепено и внимателно да станете, одржувајќи рамнотежа и обрнувајќи внимание дали чувствувате вртоглавица или имате слични симптоми. Се смета дека нема потреба да одите на лекар во ситуации кога чувствувате блага болка по падот, но можете да се движите без ограничување и да се чувствувате како и обично. Кога луѓето ќе забележат дека некој паѓа на мраз во нивна близина, повеќето инстинктивно одат да му помогнат и се обидуваат да го подигнат. Сепак, според д-р Хиншелвуд, тој инстинкт е погрешен. - Се препорачува да се приближите и да ја проверите состојбата на лицето кое паднало без поместување. Ако лицето не може да стане од земја, повикајте брза помош бидејќи ваквите падови можат да бидат опасни по живот. Проценете го нивото на свест, дали има крварење и јачината на болка, како први сигнали за проценка на состојбата. Ако некој од овие симптоми е присутен, повикајте брза помош. Никогаш не кревајте го лицето сами, бидејќи може дополнително да му ја влошите состојбата, особено ако има повреди на главата и вратот - нагласува таа. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
ЕвропаМакрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“. Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни. Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“. Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција. Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради. Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја. .Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter