Култура„Падот на Масада“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Стоби 2026“Драмски театар Скопје на 22 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 23. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ во Велес со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.Фестивалот „Стоби 2026“ се одржува од 15 до 24 септември и годинава во својата програма обединува театри од Македонија, Србија и од Италија. Драмски театар на фестивалот ќе се претстави со камерната претстава „Падот на Масада“, чија премиера се одржа на 28 декември 2023 година. Во средиштето на драмата на Венко Андоновски е прашањето дали вреди човек да го даде сопствениот живот за една идеја, без оглед дали таа е поврзана со национална, патриотска, револуционерна или друга идеолошка чест. Преку необична колажна драматуршка структура, составена од шест слики од различни историски периоди, „Падот на Масада“ го следи менувањето на односот кон жртвата, смртта, идеологијата и поимот на херојството низ вековите. Патувањето започнува во опколената тврдина Масада, со познатиот чин на колективна смрт пред навлегувањето на Римјаните, продолжува со македонските комити и изборот меѓу смртта и предавањето, а потоа се префрла во берлинскиот бункер во последните денови на нацистичкиот режим. Низ понатамошните сцени драмата се доближува до совремието, каде што возвишените историски идеи постепено се распаѓаат, се извртуваат и се претвораат во апсурд, насилство и баналност. Со движењето од античкото до современото време, Андоновски го преиспитува не само митот за „херојската смрт“ туку и начинот на кој историјата ги создава, ги менува и ги злоупотребува своите вистини. Претставата ја отвора дилемата што останува кога големите идеи ќе ја изгубат својата возвишеност, а човековиот живот ќе остане заробен меѓу идеологијата, стравот, желбата за опстанок и потребата да се остави трага во историјата. Режијата на „Падот на Масада“ е на Дејан Пројковски, асистент на режисерот е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски. Во претставата играат: Александар Степанулески, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ и Емилија Мицевска. Инспициент е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Претставата трае 100 минути без пауза. На годинашниот ИФАД „Стоби“, покрај „Падот на Масада“, во програмата се претставите „Бегалка“ на струмичкиот театар, „Претходно“ на театар од Сицилија, „Годо“ во копродукција на велешкиот, штипскиот и кумановскиот театар, „Лисистрата“ на театарот од Зрењанин и „Сите убави нешта“ на штипскиот театар. Во рамките на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, главна женска и главна машка улога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter