„Оживеа“ девојче, жртвувано пред 500 години во ритуал на Инките - Канал 5

„Оживеа“ девојче, жртвувано пред 500 години во ритуал на Инките

Вчера беше откриено можното лице на најпознатата мумија во Перу, девојче жртвувано во ритуал пред повеќе од 500 години на Андите.

„Оживеа“ девојче, жртвувано пред 500 години во ритуал на Инките

Бистата изработена од силикон претставува девојка со нагласени јаготки, црни очи и темна кожа, објави Phys.org.

Реконструкцијата ја направи тим полско-перуански научници кои соработуваа со шведски скулптор специјализиран за реконструкција на лице. Бистата е откриена на церемонија во Музејот на светилиштата на Андите на Католичкиот универзитет Санта Марија во Арекипа.

- Мислев дека никогаш нема да дознаеме како изгледаше нејзиното лице додека беше жива - изјави Џона Рајнхард, американскиот антрополог кој ја откри мумијата позната како Хуанита и „Ледената Богородица Инка“.

Рајнхард ја открил во 1995 година на надморска височина од 6.000 метри, на вулканот Ампато.

– По 28 години нејзиниот лик стана реалност благодарение на реконструкцијата на Оскар Нилсон – изјави Рајнхард.

Нилсон, шведски археолог и скулптор специјализиран за 3Д реконструкција на лицата на древните луѓе, изјави за АП дека му биле потребни 400 часа работа за да го создаде овој модел.

Дагмара Соча, полски биоархеолог од Универзитетот во Варшава, на церемонијата рече дека првиот чекор во реконструкцијата е да се направи реплика на черепот. Потоа следеше скенирање на телото, ДНК анализа, испитување на возраста, тенот...

Според антрополошките истражувања, Хуанита била жртвувана помеѓу 1440 и 1450 година, кога имала меѓу 13 и 15 години. Таа била висока 140 сантиметри и тешка 35 килограми.

Рајнхард открил повеќе од 14 жртви на Андите, меѓу кои и три деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер