„Ова е само крајот на светот“ - премиера на Драмски театар Скопје - Канал 5

„Ова е само крајот на светот“ - премиера на Драмски театар Скопје

Драмски театар Скопје вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска, која е прва продукција на ДТС во 2026 кога театарот одбележува 80 години постоење.

„Ова е само крајот на светот“ - премиера на Драмски театар Скопје

„Ова е само крајот на светот“ е семејна психолошка драма на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишана во 1995 година, која првпат се поставува на сцената на Драмски.

Како што најави ДТС, се работи за активна, современа, длабоко емотивна тема за одложувањето на вистината во семејствата во кои членовите се толку блиску еден до друг физички, а секој живее во својата вселена. Претставата е хибрид на театарски и филмски елементи кои публиката ќе ги следи преку видеопроекции.

-Претставата е еден емотивен ролеркостер во која гледачите во 90 минути ќе може да ја почувствуваат илузијата на едно семејство и да посведочат како со премолчување семејството ги споделува работите, најчесто со одложување на вистината, вели актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска која го игра ликот на мајката.

Покрај неа, во актерската екипа се и Стефан Вујисиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ. Сценограф и костимограф на претставата е Надја Василева-Ковачовска од Бугарија, музиката е на Енес Беговски.

Првата реприза на „Ова е само крајот на светот“ е на 12 март, а наредната изведба на редовниот репертоар на театарот ќе биде на 21 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Властите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер