ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
Технологија,,Отпишаните” од Твитер и Фејсбук одат на новата социјална мрежа ГабПочетокот на 2021 година донесе големи превирања кога станува збор за социјалните мрежи. Се виде колку се моќни овие платформи, но и колку е кревка довербата на корисниците.Алтернативите на традиционалните социјални мрежи стануваат рај за „протераните“, односно на оние на кои им е забрането пристапување до Фејсбук, Твитер и други мрежи од една или друга причина. Една од најпопуларните алтернативни платформи е Gab. Социјалната мрежа Габ е лансирана во 2016 година. Таа е основана од Ендру Торба како алтернатива на традиционалните платформи, како што се Фејсбук или Твитер. Оваа платформа доживеа огромно зголемување на бројот на корисници, кога, пред неколку дена, Амазон ги откажа услугите за одржување на серверот на Парлер, и со тоа практично го „затвори“. "Веруваме дека ни треба децентрализирана и отворена социјална мрежа. Корисниците треба да го контролираат сопственото искуство, наместо да играат според правилата поставени од големите компании", се вели на веб-страницата на Габ. Иако Торба рече дека Габ никогаш не бил замислен како десничарска и екстремистичка платформа, факт е дека со текот на времето станува сè повеќе место за собирање на оние чии сметки на другите социјални мрежи се забранети токму заради ваквите ставови. Причините за суспендирање на овие сметки на Твитер или Фејсбук најчесто се говор на омраза, поттикнување на насилство или ширење непроверени информации. Оние кои се свртеле кон Габ го сториле тоа главно затоа што веруваат дека „Биг Тех“ го цензурира слободното мислење. На ова веројатно влијаела одлуката на големите платформи да ги забранат или суспендираат сметките на Доналд Трамп, кој има многу поддржувачи меѓу корисниците на „алтернативни“ социјални мрежи. Сепак, отвореноста на Габ го направи идеално место за ширење на разни теории на заговор (особено за време на пандемијата на коронавирус). Габ се појави во центарот на вниманието на јавноста во 2018 година, кога се откри дека Роберт Бауерс, човекот кој упаднал во синагогата во Питсбург и убил 11 лица, го објавил чинот токму на таа платформа. "Не можам повеќе да седам мирен и да чекам да бидат убиени моите луѓе. Морам да направам нешто", напишал тогаш Бауерс откривајќи ги своите планови. Кога оваа објава била откриена, Габ реагира брзо, осудувајќи ја постапката на Бауерс и бришејќи ја неговата сметка. По овој инцидент, Габ накратко бил затворен, бидејќи нивната услуга за одржување на серверот била откажана (како што се случи сега со Парлер). Сепак, тие брзо пронашле нов провајдер. "Повторно сме на Интернет. Посилни сме од час во час", соопштиле тие во тоа време. Поради целата гласина за забраната и исклучувањето на Parler, Габ остварил прилично профит. Како што велат тие, минатата недела имале 40 милиони посети, а за само два дена примиле повеќе корисници отколку во претходните две години. И покрај фактот дека може да се каже дека распадот на Парлер им донел популарност, Габ сепак стоел покрај оваа социјална мрежа кога Гугл и Епл ги тргнале од своите продавници. "Ние самите го поминавме ова пред три години. Не е многу забавно. Се надеваме дека ќе смисли нешто. Нема да биде лесно, но можно е - ние сме доказ за тоа", соопштија од Габ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter