Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
1Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
3„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
Култура„Отоманското наследство на Скопје" прва едукативна тури од проектот „Дестинација Македонија" Центарот за научни истражувања „ХАЕМУС“ од Скопје ја истражува Македонија во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“!, чија цел е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на земјата од различни периоди.Дел од активностите се неколку едукативни тури, од кои првата насловена „Отоманското наследство на Скопје“ ќе се одржи денеска. Следат „Палатите на старо Скопје“ на 21 октомври и едукативната тура „По стапките на древните Римјани“ закажана на 28 октомври. Според организаторот, сите тури се осмислени со цел учесниците да поминат низ искуство, знаење, интеракција и секако многу забава додека го запознаваат културното наследство на Република Македонија. - Турите кои ги организира „ХАЕМУС“ се необични и ретко може да се најдат на пазарот, бидејќи се создадени на тој начин додека трае прошетката да бидат во активна интеракција со учесниците. Посетителите се едуцираат, но и споделуваат знаење и информации за локациите кои се посетуваат, покрај кои поминуваат катадневно, а сепак многу малку знаат за нивното пошироко антрополошко значење, изјави Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“. Настаните се организираат под мотото на УНЕСКО за Отворени едукативни ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Дел од турите се поддржани со логистика од град Скопје, а за сите учесници се обезбедени обемни печатени водичи во издание на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
НБАВидео: Спектакуларна партија на Грајмс погоди 10 тројки за триумф на ЛА ЛејкерсКошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по едно продолжение ги победија Шарлот Хорнетс со 118:114 и ја продолжија серијата победи во НБА. За езерџиите ова беше осмата победа во низа. Најзаслужен за вредниот триумф беше бекот Квентин Грајмс кој го одигра најдобриот меч во кариерата. Грејмс постигна дури 47 поени и беше посебно прецизен зад линијата за тројка со 10 погодени шута од 14 обиди. Со своето остварување Грејм го засени и сезонава неверојатниот Лука Дончиќ кој со „само“ 36 постигнати поени беше вториот стрелец на мечот. Дончиќ и Грајмс го создадоа последниот напад на Лејкерси во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот. QUENTIN GRIMES' 10TH THREE SENDS THE GAME INTO OT 🤯 HE'S GOT 45 POINTS! https://t.co/Owfe0RTetV — NBA (@NBA) November 18, 2026 Словенецот го презеде нападот, бараше позиција, но не ја најде бидејќи беше добро покриен, но Грајмс ја најде и ги фрли навивачите во делириум со тројка за продолжението. Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократијаНајпрво, таа и оддаде признание на новинарската професија и фела како на почитувана и храбра, спремна да ги брани етичките принципи и вредности дури и цена на слободата и животот. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше воведно обраќање на 20. Форум на медиумите од Југоисточна Европа (SEEMF), што вчера се одржа во Скопје, на тема „Поблиски во регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникациите и медиумите во зајакнувањето на имиџот, отпорноста и безбедноста на Европа“. За неа, новинарите не се обични хроничари на времето, туку личности здружени во цврст човечки столб на демократскиот поредок и незаменливи креатори на res publica. Потсетувајќи дека политиката, по природа е дијалог, а не монолог, потенцираше дека медиумите не се само медијатори меѓу власта и граѓаните, туку активни учесници во обликувањето на јавната свест, градењето политичка перцепција и овозможувањето дисперзија на општествената моќ. Според неа, слободниот печат е важен демократски фактор и лакмус, овозможувајќи информирано граѓанство, критичка јавност и постојана контрола врз носителите на власта. Таа нагласи дека новинарството не смее да биде ниту продолжена рака на власта, ниту нејзин однапред утврден противник, туку независен чувар на јавниот интерес. Осврнувајќи се на дигиталната трансформација, видеократијата и вештачката интелигенција, Сиљановска-Давкова предупреди дека поголемата достапност на информациите не значи и поголема доверба во нив. Повикувајќи се на истражувањето на Институтот Ројтерс за 2026 година, според коешто довербата во вестите изнесува 37 проценти, таа го посочи парадоксот на современото општество: никогаш немало повеќе информации, но и пониска доверба во нив. Таа ја истакна важноста на човечкиот лик и димензија на новинарската професија, укажувајќи дека медиумската слобода не подразбира само слобода на изразување, туку и безбедност, достоинство, професионална автономија и економска независност на новинарите. Претседателката потсети дека брзината е технолошка предност, но точноста останува професионална новинарска обврска, оти новинарите се ем сведоци, ем толкувачи и чувари на јавната меморија, а општеството што не ја чува вистината за своето време, ризикува да ја изгуби способноста да ја обликува иднината. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката. Почитувани новинари, Почитувани членови на SEEMO, Дами и господа, Драги пријатели на слободниот збор, Зошто сум тука? Со генерации, новинарството го практикувале чесни луѓе кои ги изгубиле работните места, отишле во затвор и претрпеле бројни други тешкотии во одбрана на своите принципи. Посветеноста на новинарот кон етичките принципи не е ниту мртва, ниту нова. Новинарството бара посветеност на вистината и симпатии кон res publica. Политиката е секогаш дијалог, никогаш монолог, со несогласување и комуникација во сржта. Демократијата е форма на политичка комуникација меѓу власта и народот. Дури и авторитарните лидери се преправаат дека комуницираат со својот народ. Во демократските држави, политиката не е можна без сложени процеси на комуникација. Сите знаеме дека е претежно индиректна и посредувана, бидејќи нашето разбирање на политиката ретко доаѓа директно од политичарите, претежно од телевизијата, весниците, радиото и, најмногу, од интернетот и социјалните мрежи. Масовните медиуми претставуваат многу повеќе од канал за комуникација. Како важен дел од политичкиот процес, тие не само што ја одразуваат, туку и влијаат на распределбата на моќта во општеството. Според тоа, вие повеќе сте дел од вестите, отколку само новинари. Повеќето од вас избираат да дејствуваат, а не да гледаат. Така, секогаш кога зборуваме за новинарството, всушност зборуваме за начинот преку кој луѓето се обидуваат да создадат добро општество. Медиумите акумулирале толку многу економска и пазарна моќ што ниедна власт не може да ги игнорира. Всушност, спротивставените теории/концепти нудат различни погледи на политичкото влијание на медиумите: плуралистички модел - ги прикажува медиумите како формално независни од власта во обезбедувањето „информирано граѓанство“; доминантен модел на идеологија - ги прикажува масовните медиуми усогласени со интересите на социјалните и економските елити; модел на вредности на елитата - го префрла вниманието од сопственост кон механизам преку кој се контролира медиумското производство; пазарен модел преку кој приватните медиуми се пред сè профитно ориентирани и заинтересирани. За мене, слободниот печат е една од клучните карактеристики на демократијата: со поттикнување на јавна дебата и политичко ангажирање; преку дејствување како „јавни контролори“; преку прераспределба на моќта; како механизам преку кој демократијата може да функционира. Вие сте агенти на политичко образование, овозможувајќи политичка дебата и обезбедувајќи граѓански форум меѓу академици, бизнис лидери, синдикати, претставници на интересни групи, лобисти или самата јавност, којашто може да изрази мислења преку телефон: во програми, „соби за разговор“, интернет блогови и така натаму. Улогата на „контролор“ може ефикасно да се изврши ако новинарите се вистински независни и не се доминирани од власта. Само тогаш можете да ги испитате нејзините активности и да ги откриете злоупотребите на моќ. Медиумите и ВИЕ - новинарите - ја промовирате демократијата преку проширување на распределбата на моќта и политичкото влијание во општеството. Како? Преку „нови“ медиумски капацитети за зголемување на пристапот до информации и размена на информации. Полесниот пристап до информации ги овласти недржавните актери, невладините организации и тинк-тенковите, со што ги предизвика владините активности. Новата технологија нуди проширување на учеството на граѓаните преку „е-демократија“, сајбер демократија, електронска демократија. Но, не смееме да заборавиме или занемариме некои резерви во врска со капацитетот на масовните медиуми да испорачаат ефективна демократија. Далеку од тоа да им обезбедат на граѓаните широк и балансиран опсег на политички ставови, содржината на масовните медиуми е обележана со политичка пристрасност. Покрај тоа, масовните медиуми не се предмет на јавна одговорност. Тие се класичен пример за „моќ без одговорност“. Колку и да се добро информирани новинарите и нивните ставови да се засновани на проверени факти, дури и тие да бидат „гласот на народот“, медиумските професионалци се претставуваат само себеси. Постојат причини да се сомневаме во независноста на медиумите од власта. Често постои симбиотска врска меѓу медиумските професионалци и политичката елита. Мораме да потсетиме дека власта и масовните медиуми не се секогаш спротивставени сили. Вторите честопати биле контролирани, директно или индиректно, и користени како форма на пропагандна машина. Поволното презентирање на информации и политики, или она што се нарекува „спин“, стана главна преокупација на модерните влади. Уметноста на спинување, практикувана од спин доктори, има многу аспекти: внимателна проверка на информациите, контрола на изворите на информации, користење на протекувањата… Медиумите не биле неволни или пасивни играчи во развојот на управувањето со вестите. Масовните медиуми имаат потреба од власта колку што власта има потреба од масовните медиуми. Власта отсекогаш била важен извор на вести и информации. Нејзината улога станала поважна. Во некои случаи, издавачите, уредниците и новинарите заговараат со спин доктори за да управуваат со вестите, што е од нивна заедничка корист. Но, дали постои вистински јавен живот без информиран граѓанин? Дали демократијата може да биде нешто повеќе од формална процедура, доколку граѓаните немаат пристап до проверени информации, доколку не можат да ги разликуваат фактите од конструираните наративи, аргументите од пропагандата, а вистината од привидниот приказ? Според мене, токму тука е суштината на новинарството – неговата незаменлива улога да го направи јавниот простор достапен за знаењето, критиката и слободното расудување. Дигиталните технологии го променија самиот начин на кој го доживуваме светот. Средствата се променија, но демократската потреба остана иста: луѓето да знаат, да разбираат и да градат сопствен став. Затоа, новинарството не е само хроника на настани, туку и сведоштво за цивилизацискиот развој на правото на јавноста да биде информирана. Но, информирањето никогаш не било само прашање на пренос на податоци. Тоа подразбира и избор: што ќе се смета за важно, кој ќе добие можност да зборува, кој настан ќе биде ставен во преден план, а кој ќе остане на маргините. Медиумите не ја создаваат реалноста, но учествуваат во обликувањето на нејзината јавна слика. Тие влијаат врз прашањата за кои размислуваме, врз важноста што им ја придаваме и врз начинот на кој ги толкуваме општествените процеси. Не е случајно што политичката моќ отсекогаш се обидувала да влијае врз медиумската сфера – понекогаш преку контрола, понекогаш преку притисок, а денес, сè почесто, преку заобиколување на традиционалното новинарство и директно обраќање до јавноста. Но, новинарството не смее да биде ниту продолжена рака на власта, ниту нејзин однапред одреден противник. Негова должност е критички да ја испитува секоја форма на моќ, вклучително и сопственото влијание. Во ера на „видеократија“ и демократија на спектаклот, оваа одговорност добива уште подлабока димензија. Сликите сè повеќе го заменуваат објаснувањето, минливите впечатоци го потиснуваат поширокиот контекст, а алгоритмите стануваат посредници меѓу настаните и граѓаните. Вештачката интелигенција отвора извонредни можности, но истовремено отвора и нови прашања за автентичноста, авторството и веродостојноста на информациите. Според истражувањето на Институтот „Ројтерс“ од 2026 година, социјалните мрежи и видео-платформите за првпат станаа најкористен глобален извор на вести, додека довербата во вестите изнесува 37%. Зар не е еден од големите парадокси на нашето време тоа што информациите никогаш не биле подостапни, додека довербата во нив, можеби, никогаш не била покревка? Но, зад секоја информација стои и човек – оној што ја создава. Новинарите известуваат од местата на несреќи, пожари, вооружени конфликти и човечки трагедии, често изложени на ризици коишто не можат ниту да се предвидат, ниту да се контролираат. Според Меѓународната федерација на новинари, во 2025 година загинале 128 новинари и медиумски работници, при што 9 од овие случаи се класифицирани како несреќни. Статистиката не може целосно да ги опфати невидливите последици од оваа професија: психолошкиот товар од постојаната изложеност на трауматични настани, заканите, исцрпеноста, несигурните услови за работа и немилосрдните рокови. Не смееме да ја романтизираме новинарската професија до тој степен што ќе ги занемариме условите во кои таа се извршува. Слободата на медиумите подразбира и безбедност, достоинство, професионална автономија и економска независност за новинарите. Затоа, би сакала да нагласам дека одговорното новинарство не се препознава само по способноста да ги разоткрие туѓите грешки, туку и по подготвеноста да се преиспитува себеси. Брзината можеби е технолошка предност, но точноста останува професионална обврска. Критичкото новинарство не е синоним за пристрасност, исто како што слободата на изразување не ја укинува одговорноста за она што е кажано или објавено. Денес, кога јавната сфера е изложена на политички, економски и технолошки притисоци, на новинарството му се потребни храброст, но и знаење; независност, но и самокритичност; слобода, но и професионални стандарди. Без слободни и одговорни медиуми нема информиран народ; а без информиран народ, демократијата ризикува да стане празна форма, лишена од својата суштина. На крајот, можеби најважното прашање не е само какви медиуми сакаме, туку какво општество сакаме да бидеме. Општество во кое информациите се инструмент за манипулација, или општество во кое тие се предуслов за слободно расудување? Општество во кое гласноста го заменува аргументот, или општество во кое вистината има предност пред сензацијата? Верувам дека одговорите на овие прашања ќе ја одредат и иднината на новинарството. Новинарите се набљудувачи на времето во кое живееме. Тие се нејзини сведоци, толкувачи и, во голема мера, чувари на јавното сеќавање. А општество кое не успева да ја зачува вистината за сопственото време, ризикува да ја изгуби способноста да ја обликува својата иднина. Ви благодарам.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаДенеска пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасадаДенеска треба да се донесе пресуда за случајот со палење на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје инцидентот што се случи на 15 јуни годинава .За кривично дело насочено против безбедноста на лицата и објектите под меѓународноправна заштита 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter