„Остен" одбележува 50 години Светска галерија на карикатури - Канал 5

„Остен" одбележува 50 години Светска галерија на карикатури

 Годинава Остен - уметност на хартија одбележува голем јубилеј, 50 години Светска галерија на карикатури. Во 2018 година е редовното издание на Остен - Биенале на цртеж.

„Остен" одбележува 50 години Светска галерија на карикатури

За промоција на овие две активности во следните три месеци е планирана разновидна програма, рече на денешната прес-конференција извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска.

Во програмата се предвидени изложби, церемонија на доделување на награди и признанија, промоција на публикации од издавачката дејност на Остен и премиера на документарен филм. Официјалната програма ќе се одвива од денеска до 13 декември 2018 во галерија Остен, во Национална галерија на Македонија - Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Централниот настан ќе биде на 22 ноември година во Чифте амам, каде е предвидено отворање на изложбата на селектираните автори на Остен - Биенале на цртеж Скопје 2018, доделување плакети и признанија на наградените уметници, отворање на документарната изложба „Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување плакети на наградените карикатуристи на 50-та Светска галерија на карикатури Скопје 2018. Ќе бидат доделени и признанија на соработници на Биеналето на цртеж и на Светската галерија на карикатури.

Конеска нагласи дека на Остен - Биенале на цртеж Скопје 2018 досега пристигнале најмногу пријави, од 868 автори од 61 земја од светот. Пристигнале вкупно 2.317 дела. Во март годинава беше соопштено дека Гран при за животно остварување доби Пјер Сулаж од Франција, а Хенри Мур постхумно е добитник на наградата Светско културно наследство.

Таа информира дека по селекцијата, интернационаното жири во состав Манос Стефанидис од Грција, професор на државниот универзитет во Атина и куратор на Националната галерија на Грција, Соња Абаџиева од Македонија - историчар на уметност, куратор и критичар и Мелани Зеферино од Обединето кралство/Италија – теоретичар и куратор со крос-дисциплинарна заднина, куратор на Биеналето на современа уметност Фиренца одлучило за доделување на наградите.

Оваа година се доделени и две посебни Гран при награди. Родољуб Анастасов е добитник на Посебно Гран при за извонредни уметнички достигнувања, а Посебно Гран при за придонес во светската уметност доби Пасквале Целона од Италија.

Првите награди на Остен - Биенале на цртеж 2018 се доделени на Себастијан Лубински од Полска - прва награда за цртеж, Олга Тобрелуц од Русија - прва награда за графика, Барбара Крол од Германија - прва награда за сликарство на хартија, Петре Николоски од Обединето кралство - прва награда за оригинално дело од хартија, Агњешка Јанкиевич од Полска-прва награда за млад уметник.

Доделени се три посебни награди од жири на Дарко Талески од Македонија, Херман Нордермен од Холандија и Анахита Јунеси од Иран и едно посебно признание од жири на Дорота Комар Змислони од Полска.

- Во соработка со Светската асоцијација на визуелни уметности традиционално се доделуваат награди на Остен - биеналето на цртеж. Наградата Уметник на светот на Франко Векиет од Италија и рамноправни три награди „Млад балкански уметник“ на Тијана Којиќ од Србија, Трајана Панајотова од Бугарија и Кристина Ѕани од Грција. Награди „Златен остен“ добија Ева Францова од Чешка, Нина Ансари од Германија, Светла Радулова од Бугарија, Сузана Мартин Виларубиа од Шпанија и Ахмед Албајрак од Турција, рече Конеска.

Награда „Остен“ добија Босук Ли од Јужна Кореја, Милан Андов Македонија, Харис Кондосфирис од Грција, Ангел Паневски од Германија и Јулио Гарај Теразас од Перу. Наградата на „Остен“ за легат му припаднала на Невзат Бејтули Кица од Македонија, наградата за индивидуално претставување на Хелен Шулкин на Германија, а уметниците од Бугарија ја добија наградата за национално претставување.

На прес-конференцијата присуствуваа уметникот Родољуб Анастасов и карикатуристот Драган Поповски, автор на публикацијата „50 години Светска галерија на карикатутри (1969 - 2019)“.

Во галеријата „Остен“ веќе е поставена првата изложба - дела од добитниците на главните награди: Пјер Сулаж и Хенри Мур од колекцијата на Остен Музејот на цртеж. Изложени се фотографии од францускиот фотограф Рено Рулман, кој ја документираше средбата на претставниците на Остен кои му врачија Гран при - статуетка (од авторот Петар Хаџи Бошков) на Пјер Сулаж во неговиот дом во Сет, Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер