„Остен“ ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури - Канал 5

„Остен“ ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури

„Остен“ вечер ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури „Скопје 2015“, кога ќе бидат соопштени и годинашните добитници на награди. Оваа година на конкурсот се пријавиле 206 карикатуристи од 50 земји со вкупно 680 дела.

„Остен“ ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури
Мехмет Кахраман од Турција ја доби првата награда за карикатура, Михаил Златковски од Русија ја доби првата награда за сатиричен цртеж, Павел Константин од Романија е добитник на првата награда за стрип и Дарко Марковиќ од Македонија добива награда „Цицо“ за македонски карикатурист.

Посебна награда ќе добијат: Агим Красниќи КрАги од Косово, Александар Блатник од Србија, Анџело Кампанер од Италија, Блаже Докулески од Македонија, Халит Куртумлус-Ајатослу од Турција, Луис Пол од Австралија, Раул Фернандо Жулета од Колумбија, Мирко Молнар од Србија, Рос Томсон од Обединетото Кралство и Валериу Курту од Германија.

Првата селекција ја направиле познатите карикатуристи од Бугарија, Алла и Чавдар Георгиеви, а членови на интернационалното жири кое одлучило за наградите се: Бернд Похленц од Германија, карикатурист и директор на најголемата заедница на карикатуристи „Тунпул”, Мурат Ердоган од Турција, истражувач на карикатурата и директор на Универзитетскиот Центар за имиграција и политички науки Хасетепе во Анкара, Стане Јагодич од Словенија, независен карикатурист, уметник, уредник и публицист, Мидхад Ајановиќ Ајан од Шведска, карикатурист, автор на анимирани филмови, публицист и карикатуристот и уметник од Македонија Мице Јанкуловски.

Според оценката на жирито, на годинашното издание на Светската галерија на карикатури се испратени карикатури, сатирични цртежи и стрипови со извонреден квалитет - и во идејата и пренесувањето на пораката, и во уметничкото изразување.

- Без оглед на разликите во стиловите и медиумите, карикатуристите кои учествуваа на натпреварот ги изразија своите погледи, грижи, критики и предвидувања преку универзалниот јазик на карикатурата. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито, соопшти „Остен“.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Фиат го претстави финалниот дизајн на својот претстоен градски автомобил, Мултиплина, кој се одликува со ретро стилски елементи и димензии слични на оригиналниот Фиат 500 од 1950-тите.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Моделот беше прикажан на Саемот за автомобили во Париз заедно со поголемиот концепт Мултиплеј, кој црпи инспирација од неконвенционалниот модел Мултипла од 1990-тите.

Се очекува моделот Мултиплина да се појави на пазарот во 2028 година. Ќе биде позициониран над моделот Тополино, но под актуелниот Фиат 500 и новиот, достапен електричен градски автомобил чие претставување е закажано за подоцна оваа година.

Името го добива од Фиат 600 Мултипла од 1956 година, возило кое компанијата своевремено го опиша како оригинално превозно средство за повеќе патници. Се очекува новиот модел да има должина помала од три метри, додека Тополино е долг 2,53 метри.

За разлика од Тополино, кој спаѓа во категоријата на лесни четирицикли (L6), Мултиплина ќе се развива според прописите за категоријата „L7“. Ова овозможува поголема моќност и брзина. Фиат наведува дека максималната брзина ќе изнесува 88 км/ч, што е горната граница за оваа категорија.

Мултиплина ќе ја користи платформата што ја делат Тополино и комерцијалниот модел Трис, но со значителни модификации за да се обезбеди повеќе простор во внатрешноста, поголема батерија и поголем досег. Неговиот дизајн му оддава почит на оригиналниот Мултипла, со исправени предни делови, тркалезни фарови и карактеристична силуета.

Со овој модел, Фиат ја продолжува својата стратегија за развој на мали и достапни возила, покрај постоечките модели 500 и Панда. Оригиналниот Фиат 600 Мултипла се произведувал од 1956 до 1967 година, а во тој период биле произведени приближно 240.000 примероци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер