Магазин Ослободете се од мравките еднаш засекогаш – пет состојки што делуваат подобро од отровотИако во природата се исклучително корисни, присуството на мравки во кујната може да предизвика фрустрација. За среќа, решението не лежи во агресивните хемикалии, туку во паметната употреба на состојки што ги имаме при рака.Многумина при појава на мравки во домот, посегнуваат по комерцијални инсектициди, но сè поголема е свеста за нивната потенцијална штета по здравјето на децата, домашните миленици и општото здравје во домот. Сепак постои изненадувачки ефикасна алтернатива, заснована на попречување на софистицираниот систем за комуникација кај мравките. Мравките се потпираат на феромоните, што ги лачат и кои влијаат како природен сигнал во обележување на патот до храната и назад кон колонијата, па ако употребите супстанца со силен мирис може да го попречите овој сигнал, да ги дезориентирате и да ги принудите да бараат друг извор на храна. Бел оцет или лимонов сок Еден од најмоќните сојузници во оваа борба е обичниот бел оцет. Неговата силна киселост не само што ги отстранува маснотиите и ги дезинфицира површините, туку и целосно ги неутрализира трагите од феромони. Едноставно измешајте оцет и вода во сооднос 50:50, истурете го растворот во шише со распрскувач и темелно испрскајте ги сите површини по кои се движат мравките, како и местата преку кои влегуваат – на пример, праговите на прозорците и вратите, и ситните пукнатини во ѕидовите. Лимоновиот сок има сличен ефект бидејќи неговата киселост ја попречува нивната ориентација. Можете да исцедите свеж сок од лимон директно врз проблематичните места или да ги пребришете работните површини со крпа натопена во сокот. Друг трик вклучува употреба на рендана кора од лимон, која треба да ја растурите по нивните патеки. Иако овие методи нема веднаш да ја уништат цела колонија, со редовна примена се ефикасни и го спречуваат враќањето на мравките. Зачини Светот на зачините исто така нуди моќно оружје. Силниот мирис на циметот ги одбива мравките, а постојат и теории дека ситните честички мелен цимет можат да им ги затнат дишните патишта. Посипете мелен цимет по нивните патеки или околу садовите со шеќер, или создадете бариера пред влезната врата што тие нема да ја преминат. Биберот има слично дејство, бидејќи неговата лутина и интензивна арома им дава сигнал на мравките дека во близина нема ништо благо, па тие се откажуваат од понатамошно истражување. За посилен ефект, биберот може да се измеша со вода и директно да се испрска на местата каде што се собираат мравки. И вообичаената кујнска сол може да биде изненадувачки корисна. Растворете неколку лажици сол во зовриена вода, оставете да се излади, потоа попрскајте ги прозорските рамки и праговите. Мравките го избегнуваат солениот слој што останува по сушењето. Кафе Меленото кафе е подеднакво ефикасно; може да го посипете околу темелот на куќата или на места од кои би можеле да влегуваат, така создавате мирисна бариера што ги држи подалеку. Креда Друг едноставен и ефикасен метод е користењето училишна креда. Калциум карбонатот, ги одбива мравките, па цртањето дебела линија со креда околу пукнатините или ногарките на масата може да создаде непробојна бариера. Сода бикарбона За најупорните колонии, може да подготвите стапица со сода бикарбона и шеќер во прав. Шеќерот ги привлекува како мамка, но содата бикарбона што ќе ја внесат во организмот е фатална за нив. Оваа смеса се поставува на места каде мравките се активни. Иако споменатите методи можат да го решат проблемот, превенцијата е најважна. Ова првенствено значи одржување на беспрекорна чистота. Редовно вакуумирајте, бришете ги подовите и работните површини за да ги отстраните и најмалите честички од храна. Чувајте ја храната, особено шеќерот, брашното и житарките во херметички затворени стаклени или пластични садови. Редовно празнете ја корпата за отпадоци и внимавајте храната за домашни миленици да не стои предолго во чинијата. На крај, внимателно проверете го домот и запечатете ги пукнатините околу прозорците, вратите и цевките преку кои мравките би можеле да влезат. Комбинацијата чист дом, затворање на пукнатините и примената на природни репеленти ќе ја претвори вашата кујна во зона без мравки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со студено утроВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter