3Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
Забава„Општествените правила“ на Миа и Влатко оживеани на скопските улициХрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ (Društvena pravila) - песна создадена во соработка со македонскиот виртуоз на гитарата, Влатко Стефановски.Видеото е снимено во Скопје и зрачи со урбана естетика, којашто заедно со стиховите на Миа, поттикнува на размислување за општествените норми. Режијата е на Ива Чаиса од „Кроатија рекордс“ (Croatia Records), а зад камерата се најде и нашиот Александар Ристовски. Дамир Бачиќ е извршен продуцент на видеоспотот. „Друштвена правила“ носи звук од три студија - „Вајт стоун продакшнс“ во Риека, „Кроатија рекордс“ во Загреб и студиото на Влатко Стефановски во Скопје. - Снимањето на спотот во Скопје беше прилика добро да го запознаам градот, но пред сѐ - одлично се забавував. Со Ива Чаиса како режисерка и Александар Ристовски пред камерата, го изодев градот долж и попреку, а го посетив и студиото на Влатко Стефановски, кој се појавува на крајот од видеото. Македонците се прекрасни луѓе и се надевам дека во иднина ќе има повеќе можности за посета на Македонија. Горда сум на песната „Друштвена правила“ и се надевам дека овој спот ќе ѝ даде дополнителна димензија, изјави Миа. Преку текстот и изведбата, пејачката, вели, храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на конфронтирачките конвенции. Новиот сингл ѝ ја открива бунтовничката страна, истакнувајќи ги притисоците и цензурата со коишто многумина се соочуваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден градДенес беа промовирани новите еколошки алатки на ЈП „Комуналец“, наменети за поефикасно и современо одржување на градските зелени површини.Новата опрема ќе придонесе за полесно, побрзо и поеколошко одржување на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“, создавајќи почисто и поубаво место за сите граѓани, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква: Подготвени сме за нови идеи за мир во Украина, но само ако ја одразуваат реалноста на теренРусија е подготвена да разгледа нови американски предлози за прекин на војната во Украина, но тие мора да ја земат предвид состојбата на терен и руските барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.Според него, комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон продолжува на повеќе нивоа, вклучително и меѓу владините структури и безбедносните служби. Тој оцени дека американската страна во одредени моменти покажала „конструктивен пристап“ и поголемо разбирање за руските позиции, но додаде дека напредокот ќе зависи и од влијанието на Вашингтон врз Киев и европските сојузници. Русија во моментов контролира околу една петтина од украинската територија, а Москва инсистира секој мировен договор да ја земе предвид сегашната состојба на фронтот. Украина, пак, останува на ставот дека договор кој би ја легализирал руската окупација е неприфатлив..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОфицијална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот МицкоскиМинистерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. - Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство. Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05