„Опен-АИ“: Сем Алтман, (неодамна отпуштен), се враќа на чело на компанијата - Канал 5

„Опен-АИ“: Сем Алтман, (неодамна отпуштен), се враќа на чело на компанијата

 Технолошката компанија „Опен-АИ“ денеска преку мрежата „Х“ соопшти дека Сем Алтман - нејзин соосновач, се враќа во нејзиното раководство, неколку дена по неговото разрешување.

„Опен-АИ“: Сем Алтман, (неодамна отпуштен), се враќа на чело на компанијата

Откако бордот на директори на компанијата што ја лансираше алатката со вештачка интелигенција „Чет-ГПТ“ пред пет дена објави дека Алтман е отпуштен, Грег Брокман, и вториот соосновач и прв во редот извршни директори на компанијата, го напушти „столчето“ во одборот. Според наводите, Алтман се враќа во „Опен-АИ“ како извршен директор. Со промени во одборот предводен од Брет Тејлор, вклучувајќи ги Лери Самерс и Адам Д'Анџело.

Алтман помогна во лансирањето на „Опен-АИ“ како непрофитна истражувачка лабораторија во 2015 година со цел да се унапреди ВИ. Компанијата прерасна во една од најмоќните фирми за ВИ во светот, а во меѓувреме се раздели и со својот прв поддржувач Илон Маск поради несогласувањата за идните насоки.

Персоналот на „Опен-АИ“ отворено го изрази своето незадоволство од заминувањето на Алтман, бараше негово враќање и се закани дека ќе следат откази и префрлања во „Мајкрософт“ доколку основачот не биде вратен во раководството на компанијата.

„Мајкрософт“ веќе вложи милијарди долари во „Опен-АИ“ и ги поседува правата на технологијата на компанијата, па извршната директорка на технолошкиот конгломерат, Сатја Надела повика на коренити промени во „Опен-АИ“ откако одборот го отпушти извршниот директор Сем Алтман. „Мајкрософт“ завчера објави и дека ќе го ангажира Алтман и уште еден соосновач и поранешен претседател на компанијата, Грег Брокман, кој поднесе оставка како протест поради отпуштањето на Алтман.

Надела доцна синоќа на „Х“ напиша дека ги поздравуваат промените во одборот на директори во „Опен-АИ“ и веруваат дека тоа е патот до постабилно и поделотворно управување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер