„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи - Канал 5

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи

На денешното продолжение од судењето за предметот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, одбраната приговараше на доказите што ги презентира обвинителството, оценувајќи дека станува збор за незаверени копии без доказна вредност.

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи

Воедно, побара укинување на притворот за двајцата обвинети екс директори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и негова замена со домашен притвор, како и повлекување на паричната казна за адвокатката Анита Бегова.

Откако, по одлука на судечкиот совет, јавниот обвинител започна со читање на доказите од архивските папки, адвокатката Бегова приговараше на нивната автентичност посочувајќи дека не ги исполнуваат законските услови предвидени во Законот за кривичната постапка.

- Сите докази се доставени во копија, а дел од нив немаат соодветна заверка – недостига печат на институцијата и потпис на овластено лице, што значи дека немаат доказна вредност, бидејќи ЗКП утврдува дека истите мора да бидат во оригинал или заверена копија со верно на оригинал и печат на институциајта која го издала документот во оригинал ја потврдува неговата веродостојност - истакна Бегова.

Според закон, таа нагласи дека материјалните докази треба да се доставуваат во оригинал или како заверени копии, а користењето незаверени документи, според неа, би претставувало суштествена повреда на кривичната постапка.

– Според Член 392 став (2) од ЗКП јасно е пропишано дека „доказите од ставот (1) на овој член се доставуваат во оригинал.“ Ова е основното правило и императив за сите материјални докази, како записници за увид, потврди за одземени предмети, книги, списи и друго. Целта на оваа одредба е да се обезбеди автентичност и веродостојност на доказите, со што се спречуваат манипулации или сомнежи во нивната содржина. Законот предвидува и исклучок од ова правило, но тој е строго дефиниран. Во Член 392 став (3) од ЗКП се вели „По исклучок од ставот (2) на овој член може да се користи како доказ и заверен препис или заверена копија.“ Ова значи дека копија од доказ може да се користи само доколку е заверена. Заверката гарантира дека копијата е идентична со оригиналот и дека нејзината содржина е непроменета. Незаверена копија, без оглед на нејзината содржина, не ги исполнува законските услови за да биде прифатена како доказ, освен ако не постојат други законски одредби кои изречно дозволуваат поинаку, што не е случај со овој член - нагласи Бегова во нејзината забелешка на доказите кои беа презентирани од страна на обвинителството.

Претходно, на почетокот на рочиштето, Бегова побара Судот да ги повлече решенијата за нејзино казнување од 500 евра и за назначување бранител по службена должност, оценувајќи ги како повреда на нејзините права.

Претходно, на почетокот на главната расправа, одбраната на обвинетите ги изнесе своите барања пред судот во однос на мерките за обезбедување присуство и процесуалните казни. Бранителката на второобвинетиот, адвокатката Бегова, побара од Судот да ги повлече решенијата за нејзино казнување од 500 евра и за назначување бранител по службена должност, оценувајќи ги како повреда на нејзините права.

- Моето напуштање на јавната расправа беше во насока да се сочува мојот професионален интегритет и интегритетот на адвокатурата како јавна професија утврдена со устав. Тоа што Судот во решението за казнување, навел дека ќе се обрати до претседателот на судот за назначување на адвокат по службена должност, иако јас немам откажано полномошно, ниту пак полномошно ми е откажано од мојот клиент, го разбирам како повреда на моите права како бранител и повреда на мојата уставна гаранција на претприемништво и заработувачка - истакна Бегова.

Второобвинетиот Нухи побара укинување на мерката ефективен притвор и замена со домашен притвор, наведувајќи дека му е потребно да ја подготви одбраната и да се грижи за семејството, како и дека нема намера да бега.

Бранителот на Васев, адвокатот Дељо Кадиев, истакна дека правото на одбрана не се спори и се приклучи кон барањата на одбраната.

Застапничката на обвинението остана на ставот дека материјалната документација е навремено и уредно доставена, а одлуката за притворот ја остави на Судот, посочувајќи дека ќе се произнесе дополнително доколку предлогот биде доставен во писмена форма.

Судијката нагласи дека нема да дозволи одолговлекување на постапката и одлучи доказите да се читаат во судница, бидејќи странките не постигнале согласност тие само да се внесат во записник. Доказите ќе бидат достапни во судницата, но без можност за нивно разгледување надвор од расправата.

Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за околу 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.

Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена.

„Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин.

Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.

„Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер