„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-Ај-Џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор - Канал 5

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-Ај-Џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарскиот „Фор ај џи“ е единствениот понудувач на тендерот за трет мобилен оператор во земјава. 

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-Ај-Џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

Иако како што информираа од АЕК три заинтересирани страни подигнале тендерска документација, официјално била доставена само една понуда. А комисијата за спроведување на тендерот денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи. Бидејќи станува збор за само еден понудувач нема да се оди на јавно наддавање, но целата постапка поради распишаните локални избори ќе треба да се финализира по нивното завршување.

„Треба да се има предив и известувањето на ДКСК дека сме во фаза на распишани избори дека во пеирод до завшрување на изборите, не смее покрај сите останати работи не смее да се отуѓува државен капитал. Бидејќи радио фреквенциите се државен ресурс и во случајов ќе се оттуѓат финаланата одлука доколку е се во ред со документите ќе се донесе по завршување на изборите. “- Игор Бојаџиев – претседател на Комисијата за спроведување на тендерот.

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава според условите од тендерот треба да почне со работа на крајот на 2026 година. Извршниот директор на Оне Македонија, Бране Ѓуровиќ, вели дека доколку добијат зелено светло, официјалниот процес за воспоставување на нова мобилна мрежа во земјава може да го започнат и пред предвидениот краен рок.

„Според условите на тендерот најдоцна до крај на 2026 година мора да почнеме операција во најмалку еден град во Македонија, може да биде и порано, но тоа е краен рок кој го користиме како ориентација за нашите плански активности...“ - Бране Ѓуровиќ – извршен директор на ОНЕ Македонија.

Вицепремиерот Николовски задоволен што има заинтересираност, и во иднина, вели ќе има и поголема конкуренција на македонскиот пазар и пониски цени за граѓаните.

„Конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција, јас во една прилика кажав еве ќе повторам дека дали ќе влезе или нема да влезе трет мобилен оператор во државава, еве влегува, зависи само од постоните два оператори за жал во овие година и нешто ништо не направија нити да ги подобрат услугите нити да ги намалат цените и затоа има простор за трет оператор. “- Александар Николовски – министер за транспорт.

Унгарската компанија Фор ај џи лани летото достави писмо до Владата дека е заинтересирана за влез на македонскиот пазар, а во септември беше потпишан и меморандум за разбирање. Во земјава во моментов има два мрежни мобилни оператори и четири виртуелни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање.

Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

YouTube video

Затоплување на односите

Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник.

Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата.

Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг.

Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер