Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
1Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
2Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
Економија„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евраАгенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава. Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 е 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 - 2,32 милиона евра. По уплатата ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да стартува со работа теоретски веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постоечките оператори до изградба на своја инфраструктура. Првиот критериум што ќе треба да го исполни новиот оператор е до крај на март 2027 година еден град да покрие со 5 Г, до крајот на 2028 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps. Носителот на одобрението мора да започне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од 1 година од датумот на отпочнување на важност на одобрението. Во областите каде што има слаба или воопшто нема покриеност, доколку носителот на одобрението планира да гради нов сајт ќе мора да ги консултира и останатите оператори за заедничко инвестирање. Исто така операторот ќе мора да обезбеди пристап до пасивна инфраструктура врз основа на разумно барање од други оператори. - Според условите на тендерот почетокот на сервисот е до крајот на 2026 година, така што по носењето на официјалната одлука од страна на АЕК ќе почнеме со официјален процес на воспоставување нова мобилна мрежа во Македонија. Најдоца до крај на 2026 година мора да почнеме операција во најмалку еден град во Македонија, може да биде и порано, но тоа е краен рок кој го користиме како ориентација за нашите плански активности, изјави Бране Ѓуровиќ, извршен директор на ОНЕ Македонија, на 22 август минатата година, по отворањето на понудите на тендерот а на кој беа едиунсвен понудувач. Рокот на важност на одобренијата за користење радиофреквенции А1 и С1 ќе биде 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 - 8 години, до 2033 година, поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператора. Од АЕК велат дека влезот на третиот мобилен оретор во државава ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги. На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле„ ДООЕЛ Скопје и од „е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. На македонскиот пазар моментно работат „Македонски телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните оператори „Лајкамобајл“ ДООЕЛ Скопје, „Мтел“ ДООЕЛ Скопје, „Роби“ ДООЕЛ Штип и „Греен телекомуникации“ ДОО Прилеп. Заклучно со третиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.105.467. Резиденцијални припејд-претплатници се 833.089, резиденцијалн постпејд 1.024.072, а деловни постпејд 248.306. Според податоците на АЕК за третиот квартал лани, „А1 Македонија“ има 47,41 проценти удел во вкупниот број претплатници, „Македонски телеком“ - 46,68 проценти, „Мтел“ - 4,55 проценти, „Телекабел“ - 1,27 процент, а „Греен мобиле“ - 0,10 проценти. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година „Македонски телеком“ има удел од 49,49 проценти, „А1 Македонија“ - 48,58 проценти, „Мтел“ - 0,93 проценти, „Телекабел“ - 0,79 проценти, а „Греен мобиле“ - 0,11 проценти. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општинатаДенеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо. Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век. Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други. Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница. Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во БрвеницаПочитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови. Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38