Здравје„Омикрон“ се шири низ Европа, светот повторно се изолираСтравот од новиот сој „омикрон“ ги крена „пандемиските“ ѕидови. Стравот од новиот сој „омикрон“ ги крена „пандемиските“ ѕидови ... Карантини, затворања на границите и засилени ковид-мерки воведуваат дел од европските држави откако се потврди дека новиот омикрон-сој може да биде најмалку три пати позаразен од неговите претходници, иако според првичните информации не предизвикува сериозни симптоми. Регистрирани случаи засега има во Италија, Германија, Белгија, Чешка, во Велика Британија, а од попладнево и во Холандија. На аеродромот во Амстердам од 60 тестирани во два авиона дури 13 биле позитивни на омикрон. Земјите веќе изработуваат „црвени списоци“ на патници за да ги задржат во карантин оние кои доаѓаат од јужноафриканските држави. Поради мерките откажани се голем број на летови низ земјите, па патници останаа заглавени на дел од аеродромите чекајќи да се отвори „пат“ за лет до дома. -Фрустрирачки е бидејќи не можам ништо да направам. Велат „може да седите тука додека разгледаме алтернативни летови за да утврдиме каде може да Ве пратиме“. Сепак, ќе треба да купам нов билет, ми преостанува само да бидам трпелива и да чекам да ми кажат каде всушност можам да отпатувам. -Никој не ме извести дека летот е откажан. Доаѓаш на аеродром и читаш на таблата дека летот е откажан. Јужноафриканските здравствени власти лути на експресните мерки. Според министерот за здравство на Јужна Африка забраните за патување поради новата варијанта „омикрон“, откриена во неговата земја, се драконски, неоправдани и спротивни на упатствата на СЗО. -Реакциите на некои од земјите кои забранија патувања и слични мерки се спротивни на правилата кои се креирани од страна на Светската здравствена организација. Многу од овие земји кои донесоа драконски мерки се борат со четвртиот бран, - Џо Фала – Министер за здравство на Јужна Африка. Некои од земјите посегнаа и по „лок-даун“ мерки. Таков е случајот со Холандија која воведува карантин од три недели, а за ова размислува и Белгија. Пратениците во Англија ќе гласаат за тоа дали маската ќе биде задолжителна во автобусите и во маркетите, а во Швајцарија граѓаните на референдум ќе одлучат дали ковид-потврдите ќе останат задолжителни. Израел е најригорозна во однос на мерките, па освен што ги стопира воздушните линии и што наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во земјата, нема воопшто да пушта странци во следните две недели. За тоа дали во Македонија воопшто ќе има било какви нови мерки поради „омикрон“ Комисијата за заразни болести ќе дискутира утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИПратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ. Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ. „Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ. Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“. Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска. Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче. „Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпреварЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканЈотова во водство на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите . Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook