Здравје„Омикрон“ досега е регистриран во 57 земјиСите врвови на последниот корона бран се надминати.И оној на преносливоста на вирусот, и оние на активните случаи и позитивни тестови, ама најважно, на смртноста. Ова го говорат математичките пресметки на универзитетскиот професор Дејан Трајковски кој прави анализи низ статистики уште од почетокот на пандемијата. Формулите велат „ако не го увеземе“ омикрон, бројот на заразени ќе се преполови на средината на јануари и ќе изнесува околу 150 случаи на ден, објаснува за Канал 5 Проф. Трајковски. -Моментално, времето на преполовување изнесува околу 45 дена, што значи дека некаде до средината на јануари од сегашните просечни 310 ново дијагностицирани случаи дневно бројот би паднал на околу 150. Меѓутоа, до тогаш најверојатно ќе пристигне омикрон сојот кој може да се очекува да предизвика пораст на случаи, но добра вест е што ново откриениот сој, според последните информации од Јужноафриканската Република има значително понизок леталитет, односно процент на починати од бројот на дијагностицирани, вели Дејан Трајковски – Универзитетски професор. Инаку омикрон досега е регистриран во шеесетина земји низ светот, а црвениот аларм за загриженост пред десетина дена го вклучи СЗО поради бројот на пријавени реинфекции, но и сомневања оти е неколку пати е позаразен од неговите претходници. Засега лекарите смируваат дека нема простор за паника, бидејќи овој сој иако брзо се шири не предизвикува сериозна клиничка слика. Ова го тврди и Д-р Анџелик Котзи, првата што го откри омикрон, а и лекувала пациенти инфицирани со него. -Омикрон варијантата се разликува од делта, особено во однос на губење на сетилата за мирис и вкус, а и во однос на потребата од кислородна поддршка. Симптомите всушност се лесни, некои ги објаснуваат исто како настинка или грип, па можеме и да кажеме дека се слични. Па ќе ги посочиме болката на телото, во мускулите и главоболката. Вакцинираните ќе имаат непријатна главоболка, но невакцинираните луѓе ќе имаат навистина голема болка во телото и главоболка, па има разлика во силината на симптомите, но секако не се сериозни, вели Д-р Анџелик Котзи – Претседавач на Јужноафриканската медицинска асоцијација. Во меѓувреме, додека сè уште се прибираат релевантни информации за новиот сој од страна на надлежните светски здравствени организации, од Британија пристигнуваа тинформации од лекари дека омикрон предизвикува невообичаени осипи кај децата. Дополнително, објавена е и нова јужноафриканска студија, која сè уште не е потврдена, а според која „Фајзер“ вакцините може да бидат до 40 пати помалку ефикасни кон омикрон за разлика од оригиналниот вид на коронавирусот. Поради загриженост од намалената ефикасност во многу земји низ светот епидемиолозите и инфектолозите препорачуваат трета доза на вакцина која би ја продолжила заштитата од сите соеви на коронавирусот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook