„Охридско лето“ вчеравечер во знакот на литванската уметност - Канал 5

„Охридско лето“ вчеравечер во знакот на литванската уметност

Композиции од големиот литвански композитор Микалојус  Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под  акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“ која се одржува првпат на фестивалот.

„Охридско лето“ вчеравечер во знакот на литванската уметност

Прекрасната атмосфера ја создадоа пијанистите Рокас Зубовас и Соната Девејките-Зубовиене кои со своето музицирање ја воодушевија публиката. Како што изјавија тие, овој настап на „Охридско лето“ за нив е многу значаен бидејќи, годинава нивната земја одбележува 150 години од раѓањето на големиот композитор и уметник Микалојус Константинас Чиурлионис и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Македонија.

-Да се дојде до ваков неверојатен град со богата историја и разновидна култура, за нас е неверојатно искуство. Нашата амбасадорка ни спомна дека ова е првпат да се изведува литванска музика од литвански композитор. Најискрено се надевам дека нема да биде последен пат да се изведуваат дела од литвански композитор. Ова отвора прозорец кон меѓусебно откривање на нашите култури и продлабочување на културните врски, рече пијанистот Рокас Зубовас.

Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија и во САД.

Отворајќи ја Литванската вечер на „Охридско лето“, амбасадорката на Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене, упати благодарност за организацијата на овој концерт со литвански уметници.

-Посебна благодарност им упатувам на фестивалот „Охридско лето“ и неговите прекрасни организатори. Ова е првпат да се одржи Литванска вечер како дел од овој славен фестивал. Вашата соработка, вашата отвореност и вашата доверба во вклучувањето на нашите уметници и нашата приказна на годинешната програма ја прават оваа вечер навистина посебна.Се собравме вечерва тука и за да прославиме 30 години дипломатски односи меѓу Литванија и Македонија - три децении доверба, споделени европски вредности и дух. Искрено посакувам , и ќе дадам сè од себе, нашето пријателство и врски да продолжат да се продлабочуваат секоја година, рече литванската амбасадорка Дамбраускиене.

Вчеравечер се одржа и ликовна изложба со репродукции од Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911), една од највлијателните уметнички фигури во Ливанија - композитор и сликар чие визионерство остава значајно наследство и покрај неговиот краток живот. Неговите иновативни дела во кои се спојуваат музиката и визуелната уметност продолжуваат да инспирираат и да ја одушевуваат публиката насекаде низ светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер