Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
Култура„Охридско лето“ денеска одбележува 64 години со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ Со салса оркестарот „Мерканонегро“ , „Охридско лето“ вечерва ќе одбележи 64 години успешно постоење.На денешната прес-конференција по повод роденденскиот концерт, директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ истакна дека „Охридско лето“ е уникатен македонски подиум на кој се вкрстуваат уметничките креации од целиот свет, а на фестивалската сцена, како што потсети, секоја година се обединуваат различните култури оставајќи неизбришлива трага за идните генерации. -Огромна е благодарноста до сите оние кои со својот настап го воздигнале фестивалот, славни музичари и актери, реномирани оперски и театарски куќи, бројни љубители на уметноста, но и до сите оние кои неуморно работеле и ја граделе успешната приказна на „Охридско лето“. „Охридско лето“ е врвна културна сцена. Место каде музиката и театарот ја надополнуваат богатата традиција.Фестивалската програма и на ова, 64-то „Охридско лето“ предизвикува воодушевување кај љубителите на врвната уметност а тоа е доказ дека сме доследни на заложбите да ја градиме и надополнуваме магијата која извира од оваа сцена.Денеска ги славиме годините испишани со богата историја, со славни имиња од светската музичка и театарска елита, рече директорката Поповиќ, изразувајќи благодарност до сите кои се втемелиле во успешната приказна наречена „Охридско лето“. Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Бисера Чадловска годинешното фестивалско издание ќе биде испишано како едно од најуспешните токму со настапот на реномираните странски, но и домашни уметници. -Досега имавме 20 дена исполнети со прекрасни концерти, многу музика, аплаузи и овации за нашите уметници кои учествуваа на фестивалот. Освен странските уметници кои беа многубројни на фестивалот и донесоа огромен квалитет на нашите сцени, во оваа прилика се заблагодарувам и на нашите домашни уметници се кои рамо до рамо со сите странски уметници кои доаѓаат на фестивалот. До крајот на фестивалот нè очекуваат интернационални вечери, но и вечери со домашни изведувачи со што ќе заокружиме уште едно успешно фестивалско издание, рече Чадловска. Според селекторката на драмската програма на фестивалот, Сања Арсовска, до роденденскиот датум на „Охридско лето“ се реализираа две третини од драмската програма. -Имавме три театарски премиери на ова фестивалско издание. Поминаа две третини од театарската програма, ја видовме „Имакулата“ во режија на Ливија Пандур а во продукција на СНГ Драма Марибор, ја имавме „Галеб“ на Битолскиот народен театар, ја имавме „Крал Лир“ на Lit Moon Theatre Company од Санта Барбара во режија на Џон Блондел и пред некој ден, ја имавме и извонредната премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Велешниот театар. Го имавме и Никола Ѓуричко со неговиот стен-ап кој и тоа како има неверојатна врска со театарот односно претставуваше една мононографија на неговите театарски искуства во Југословенското драмско позориште, рече Арсовска, најавувајќи дека до крајот на ова фестивалско издание остануваат уште две театарски претстави, „Лет над кукавичкото гнездо“ со Драмски театар Белград и „Алиса во земјата на стравовите“ со Југословенскиот драмски театар од Белград која на 20 август ќе ја спушти и завесата на ова фестивалско издание. Салса оркестарот „Меркадонегро“ е оформен од страна на Армандо Миранда. Неговите членови доаѓаат од различни делови на Латинска Америка и секој од нив носи сопствени традиционални специфики. -Како водач на бендот, среќен сум што сум што сум првпат во Македонија и што првпат настапуваме на „Охридско лето“. Многу сме возбудени од нашиот настап бидејќи го подготвивме специјално за фестивалската публика. Ќе направиме едно патување низ Латинска Америка токму преку музиката. Сакаме целата публиката да биде дел од нашето музичко патување и да им ги покажеме нашите музички корени, истакна Миранда на денешната прес-конфренција. Роденденскиот концерт на „Охридско лето“ со салса оркестарот „Меркадонегро“ ќе се одржи на Долни Сарај со почеток во 21 часот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook