Македонија„Охрид SOS“: Мошне лош проектот за пренасочување на Сатеска во првобитното речно коритоПроектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот.Проектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот, односно „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“. Така тврдат активистите на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид SOS“, според кои негрижата и неспособноста ќе го доуништат веќе ранливиот Охридски Регион заштитен од УНЕСКО како светско природно и културно-историско наследство. Проектот за враќање на Сатеска во природното корито почна во 2022, со поддршка на УНДП, со цел враќање на реката во сливот на Црн Дрим наместо во Охридското Езеро. Проектот беше претставен како начин за заштита на регионот од екстремни временски услови и спасување на езерото од загадување. Според „Охрид SOS“, предвиденото решение за проектот е недоволно квалитетно односно квази-решение што ги остава истите проблеми, со можност да предизвика и други. Во шеесеттите години на минатиот век реката Сатеска беше вештачки пренасочена кон езерото со цел да се исушат мочуриштата за земјоделски цели и да се подобри работата на хидроцентралите долж Црн Дрим, каде што реката некогаш природно се влевала. Оттогаш Охридското Езеро се гуши во седименти, отпадоци, пестициди, хранливи материи и други отрови што ги носи Сатеска. Оттогаш досега со средства од Фондот за адаптација при Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, Македонија заедно со УНДП почна да ja исправа грешката и отпочна проект за враќање на Сатеска во нејзиниот вистински тек. Тоа требаше и да одговори на препораките на УНЕСКО за заштита на Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. „На хартија, идејата беше одлична: подобра заштита од поплави и почисто езеро. Двоен успех.Но, што навистина се случи? Прво, наместо да се реконструира старото корито така што ќе може да издржи 100 метри кубни во секунда при големи бури (утврдено со претходни технички проценки), речното корито беше направено да издржи само 15 мертри кубни во секунда. Волумен поголем од тоа, повторно би одел во езерото. Така што при екстремни временски услови загадувачките материи ќе продолжат да се влеваат во Охридско Езеро - токму кога проблемот со штетните материи и седиментите е најголем“, посочуват активистите од „Охрид SOS“. Понатаму, како што велат, наместо проценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) што требаше да ги анализира можните последици од пренасочувањето на реката, само се ископирани делови од документи за сосема други проекти, со застарени и неточни податоци, без каква било проценка на влијанието врз автохтоните видови риба во езерото. [Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општи] На крајот, конечната нацрт-верзија на таа нискоквалитетна ОВЖС била доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање пред воопшто да се одржи јавна консултација за проектот. Тоа, како што велат од „Охрид SOS“, значи дека ниту носителот на оцената на влијанието, ниту Министерството навистина имаа било каква намера да ги чујат ставовите на локалното население, земјоделците, сопствениците на земјиште и граѓанското општество, додека коментарите на „Охрид ЅОЅ“ доставени во рамки на таа консултација мистериозно исчезнале. Пренасочувањето на реката Сатеска почнало и без добиено мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Инаку, нејзината улога е да ги разгледа плановите и проектите пред нивната реализација за да се осигура дека нема да му наштетат на Светското наследство. Самото мислење на комисијата е задолжително според закон, потсетуваат од „Охрид SOS“. Како последица на наведеното Иницијативата „Охрид ЅОЅ“ поднела жалба до УНДП за сите посочени нерегуларности. Притоа од УНДП е спроведена истрага со која е уврдено дека со оценката на влијанието врз животната средина „не се третираат сите релевантни влијанија врз физичките, биолошките и социоекономските ресурси, вклучувајќи директни, индиректни, кумулативни и индуцирани влијанија“, дека делови од оцената се плагијат, дека ресорното Министерство за просторно планирање речиси воопшто не врши контрола на квалитетот на ОВЖС и оти ја довело УНДП во заблуда со неточно тврдење дека коментарите од „Охрид ЅОЅ“ пристигнале по истекот на рокот. Дека пренасочувањето на Сатеска нема да го реши проблемот со седиментите во Охридското Езеро се наведува и во последната Реактивна мониторинг мисија на УНЕСКО во Охридскиот Регион од 2024 година. „Охрид SOS“ предупредува дека уште еднаш негрижата и неспособноста го оставија Охридскиот Регион, неговата флора, фауна и жителите со изгубено време, залудно потрошени пари и привид на решавање проблем. „Згора на тоа, иако Македонија во моментов го ревидира Законот за животната средина и има можност сериозно да го зајакне во доменот на оцените на влијанието врз животната средина, предложените измени ни оддалеку не се доволни за да донесат вистинска промена во квалитетот на оцените. Што уште треба да се случи за властите конечно да сфатат дека проценката на ризиците за луѓето и живиот свет не е непријатност што може да се избрише со неколку штиклирани полиња и лажна консултација? Веројатно – уште една трагедија. А, кога тоа ќе се случи, немојте да кажете дека не бевте предупредени“, наведуваат од „Охрид SOS“ во писмото доставено до медиумите.Тагови: Охридско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16