„Охрид – луѓе и марифети“ – книга што го слуша пулсот на градот - Канал 5

„Охрид – луѓе и марифети“ – книга што го слуша пулсот на градот

„Охрид – луѓе и марифети“ е новата книга на Томислав Тунтев, чија промоција се одржа денеска во Охрид. 

„Охрид – луѓе и марифети“ – книга што го слуша пулсот на градот

Делото претставува уште едно значајно сведоштво за животот, згодите и незгодите од охридски Варош, раскажани на стар охридски дијалект – посебен, богат и префинет говор кој сè поретко се слуша, а носи силен културен белег на градот.

На промоцијата, авторот истакна дека желбата да напише книга произлегла од потребата да остави траен пишан документ што ќе сведочи низ времето. Според Тунтев, иако многу медиуми исчезнале или се трансформирале, книгата останала најсигурниот чувар на колективната меморија.

- Секој столб, секое сокаче и секоја куќа во Охрид има своја приказна – не една, туку многу. Треба само да се рошне низ сеќавањата и тие да се пренесат на хартија, рече Тунтев, додавајќи дека најголем предизвик бил раскажувањето на приказните на начин што ќе ги истакне вредностите што ги поврзуваат луѓето, без да се навлегува во поделби.

Авторот посочи дека изборот книгата да биде напишана на стар охридски дијалект не е спротивставување на литературниот јазик, туку негово надополнување.

- Литературниот јазик е основа на нашиот идентитет, но дијалектите се богатството на еден народ и тие мора да се чуваат, истакна Тунтев, нагласувајќи дека чувствувал одговорност да ги зачува зборовите и изразите што полека исчезнуваат од секојдневната употреба.

Според рецензентот на делото, хроничарот на Охрид, новинарот и публицист Владо Жура, книгата претставува јасен показ за авторска енергија, широка ерудиција и силна љубов кон староградскиот Охрид. Во својата рецензија, Жура наведува дека делото е искрено и топло писание што успева да ја долови душата на градот и неговиот староградски дух, присутен кај охриѓани во земјава и во дијаспората.

Томислав Тунтев е автор на две монографии, десетина учебници и стручни прирачници од областа на воздухопловството, како и на романот „Светиот завет“, за кој рецензентите оценија дека претставува едно од позначајните прозни дела посветени на Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер