„Огледало на вековите“ од Раде Силјан на српски јазик - Канал 5

„Огледало на вековите“ од Раде Силјан на српски јазик

Реномираниот српски издавач Арка кој во последните неколку децении објави над седумдесет дела од македонски писатели, деновиве го објави обемниот избор од поезијата на Раде Силјан „Огледало на вековите”. Изборот кој го направи и преведе академик Ристо Василевски објавен е двојазично, на македонски и српски јазик и проследен е со обемен поговор од истакнатиот српски критичар и сеист Миќо Цвиетиќ.

„Огледало на вековите“ од Раде Силјан на српски јазик
- Во богатото соѕвездие на смедеревска Арка, издавач со препознатлив вкус, веќе со децении се појавуваат, превосходно, важни дела од македонската и српската книжевност. Од, по сè, сродните литератури и народи, блиски по духот, душата и судбината, со заемни творечки и други проткајувања, потпори и вкрстувања. Низ истото пребирливо и густо издавачко решето поминуваат и важни дела од другите балкански, словенски и други европски литератури, со доминантен акцент на поетското творештво, вели Цвиетиќ.

Според него, перманентно, од првата до најновите книги, во поетската орбита на Раде Силјан има некои битни феномени на човекот и на светот, со универзална категорија и поими, теми и мотиви, кои доследно и моќно имагинативно ги надградува, поетско-филозофски ги промислува и ги формулира. Некои од нив, амблематично се маркирани во насловите на бројни песни и циклуси, наново вградувани низ целината на неговиот поетски опус. Најавени и нагласени, дури варирани, и во самите наслови на поетските книги...

- Меѓутоа, Силјановиот поетски поимник, извлечен од самото битие на неговото пеење и јазик, опфаќа значително поширок регистар, спектар на имагинативно опсервирани зборови, алегории, метафори и симболи, феноменолошки и егзистенацијални категории и поими.... Целиот овој, и значително поширок, лексички и поимен регистар, со богата и разгранета поетска и семантичка полифонија, го наоѓаме во поетското дело „Огледало на вековите“, кое тука штедро им се нуди на српските читатели, наведува Цвиетиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер