Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
Технологија„Одисеј е жив и функционален“- први информации за американското летало (ВИДЕО)„Одисеј е жив и функционален“, објави Intuitive Machines на Твитер.Вселенското летало именувано по кралот на Итака успешно слета на Месечината 23 минути по полноќ, но се уште се чекаат деталите за потфатот кој ќе остане во историјата од најмалку две причини - ова беше прв пат приватна сонда да слета на лунарната површина, а нејзиниот триумф го претставува враќањето на САД по 52 години. Lunar Surface Day One Update (23FEB2024 0818 CST) Odysseus is alive and well. Flight controllers are communicating and commanding the vehicle to download science data. The lander has good telemetry and solar charging. We continue to learn more about the vehicle’s specific… — Intuitive Machines (@Int_Machines) February 23, 2024 Со овој успех Америка го спаси образот кога се во прашање лунарните експедиции, во кои во 21 век досега Кина, Индија и Јапонија ја претекнаа, но и се врати посилна во новата вселенска трка. Дополнително, слетувањето на сонда на Месечината е само првиот чекор кон нови човечки експедиции, планирани за 2026 година. - Прв ден на површината на Месечината, најнови информации. Одисеј е жив и здрав. Контролорите на летот комуницираат со него и му наредуваат на леталото да преземе научни податоци. Сондата има добра телеметрија и соларно полнење. Продолжуваме да дознаваме повеќе за конкретни информации како географска широчина и надморска височина, општата состојба и ориентација - е наведено во твитот Intuitive Machine, каде беше најавена и прес-конференција со агенцијата НАСА. Ова е прва информација за американското летало откако е потврдено слетувањето, но сè уште не се објавени фотографии од Одисеј на површината на Месечината. - Америка се врати на Месечината, за прв пат по половина век. На осмиот ден од нивното патување од четвртина милион милји, Intuitive Machines успешно направија историско слетување. Тоа е голем успех за Intuitive Machines, SpaceX и NASA. Каков триумф е ова за човештвото. „Одисеј ја стигна Месечината“, изјави Бил Нелсон, администратор на НАСА, веднаш штом беше потврдено дека леталото успешно слетало. Today, for the first time in half a century, America has returned to the Moon 🇺🇸. On the eighth day of a quarter-million-mile voyage, @Int_Machines aced the landing of a lifetime. What a feat for IM, @SpaceX & @NASA. What a triumph for humanity. Odysseus has taken the Moon. pic.twitter.com/JwtCQmMS2K — Bill Nelson (@SenBillNelson) February 23, 2024 По дебаклот со вселенското летало „Перегрин“ пред околу еден месец и децении без обид за лунарна мисија, Америка го загуби водството во истражувањето на Месечината, а ја презеде Кина. Иако СССР (чиј наследник е Русија) и САД ја освоија површината на Месечината во 20 век, тие заостанаа зад Кина, Индија и Јапонија во 21 век. – За прв пат од 1972 година НАСА слета вселенско летало на површината на Месечината. Но, агенцијата тоа не го направи сама, туку во партнерство со приватни компании. Благодарение на новите технологии и ова јавно-приватно партнерство, научните проекти на Месечината и идните мисии ќе отворат нов свет на научни можности. Како дел од проектите започнати оваа година, тимови од научници, вклучувајќи ме и мене, ќе можат да вршат радиоастрономски истражувања од јужниот пол и од далечната страна на Месечината. Има многу потенцијал во овие мисии - изјави за The Conversation Џек Барнс, професор по астрофизика и планетарни науки на Универзитетот во Колорадо во Болдер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16