„Од срце за срце“ со Бјанка Катру: 10 години „М Кеш“ – компанија што го гради успехот преку хуманост, визија и човечки вредности - Канал 5

„Од срце за срце“ со Бјанка Катру: 10 години „М Кеш“ – компанија што го гради успехот преку хуманост, визија и човечки вредности

По повод 10 години од постоењето на компанијата М Кеш, Бјанка Катру ни објасни како компанијата успеала да им се посвети на сите клиенти, но и да се занимава со хуманитарна работa.

„Од срце за срце“ со Бјанка Катру: 10 години „М Кеш“ – компанија што го гради успехот преку хуманост, визија и човечки вредности

Таа е жив доказ за оваа компанија која ги развива своите луѓе на професионално, но и на духовно ниво, занимавајќи се со хуманитарна работа.

Бјанка Катру, заменик генерален директор во М Кеш – започнала да работи во М Кеш како административен асистент во 2015 година и таму останала цели 10 години. Го следела растот и развојот на компанијата, но и значително придонела за истиот. Како што самата вели, ѝ е чест што и таа има заслуга за тоа колку е компанијата успешна, но она што најмногу го привлече вниманието на јавноста е нивната хуманитарна дејност.

По тој повод ѝ поставивме неколку прашања.

Одбележавте 10 години постоење, честитки! Кажете ни какви активности реализиравте по повод тој јубилеј?

- Една деценија М Кеш и одбележувањето на нашето постоење, покрај корпоративната прослава е проследено со низа активности и оваа година со посебен ентузијазам го правам она што го сакам. Не велам работам, бидејќи М Кеш и одбележувањето на оваа декада за мене е дел од мојот животот, бидејќи сум сведок и имам значаен удел во почетоците, целокупниот развој на компанијата, постигнати успеси и резултати.

Корпоративната прослава на која присуствуваа сите наши колеги, соработници и партнери, официјално ја одбележавме со соработката која ја склучивме со – ЈЗУ Клиника за детски болести – оддел за Хематологија и Онкологија. Во знак на таа соработка дониравме ЕКГ апарат и дополнителна опрема која им беше потребна како и неопходни средства за хигиена на дечињата.

„Храброста има лице детско и невино. За најмалите херои кои секојдневно не учат што значи вистинска сила. Со љубов, верба и топлина ја заокруживме оваа соработка.“

Кажете ни како дојдовте до идејата за хуманитарната акција „Срце за срце“?

„Од срце за срце“ не е само хуманитарна акција и не се само убави зборови – од срце за срце е огледало на нашиот начин на работење бидејќи кога им помагаме на клиентите во нивните најтешки мигови тоа го правиме од срце, кога работиме со вработените, кога ги менторираме и мотивираме тоа го правиме од срце и од срце се радуваме на успесите на нашите соработници, партнери и поврзани компании М Брокер и АКДП.

Од срце за срце е симбол на нашата човечност како една од најсилните карактеристики која ја одбележуваат не само нашата компаниска туку и групациска култура.

Зад нашиот бренд не само тим од професионалци туку луѓе кои работат со срце, негуваат емпатија, и се радуваме кога имаме можност да помогнеме. Па оттука кога размислувавме со тимот како да ја одбележиме оваа декада, произлезе сосем природно од нашето секојдневно работење во овие 10 години – од срце за срце.

Колку такви акции имате досега и дали во иднина планирате нови?

„Не, ова не е изолирана акција – токму спротивното. „Од срце за срце“ е само почеток на една долгорочна мисија која ќе продолжи уште посилно и уште пошироко. До сега реализиравме повеќе од 10 различни активности, во различни градови и со различни целни групи – деца, повозрасни, семејства во социјален ризик, јавни институции, едукативни установи. И сето тоа – во само неколку месеци.

Секој настан нè охрабруваше уште повеќе. Реакциите од луѓето, нивната благодарност и искреност ни покажаа дека вакви иницијативи не само што се потребни, туку и длабоко значат. Затоа, планираме уште многу – и по обем и по фреквенција.

Во план се нови партнерства со локални институции, нови проекти со училиштата и градинките, и уште повеќе волонтерски ангажмани од нашите вработени. Нашата цел е ова да стане трајна платформа за добрина, преку која ќе допираме до луѓе, ќе помагаме, ќе споделуваме.

М Кеш отсекогаш бил и ќе биде повеќе од финансиска институција, ние сме компанија која верува во луѓето и е општествен сојузник – не само кога се бара решение, туку и кога се бара надеж, охрабрување, или едноставно – некој да се појави и да каже: „Тука сме.“

Продолжуваме – со уште повеќе срце и уште повеќе дела. Затоа што веруваме дека вистинската сила на една компанија се мери и по тоа колку знае да даде, тогаш кога не се очекува – туку е најпотребно.“

Би издвоила дел од активностите:

Би издвоила дел од активностите:

1. Од срце за срце – Нов живот и нова боја за училишниот двор во „ООУ Драслајца-Струга

2. Од срце за срце – Подадена рака во Неготино (Поддршка за луѓето во Домот за лица со посебни потреби во Неготино)

3. Детска радост во Ресен-за дечињата од предучилишна возраст во Детската градинка во Ресен

4. Од срце за срце – За децата кои учат да се борат, приказни и боички за големи срца во мали тела

5. Два тима, нула себичност-Централната канцеларија на М Кеш и Скопскиот регион – заедно со домаќините од Зоолошката градина Скопје – тука имаме активна соработка, каде бојадисуваме одредени предели во истата, ги храневме животните а сега сме во преговори и за посвојување наше животно.

6. Хуманоста не познава години-за Геријатрија при Општата болница Охрид.

7. Гест на грижа и човечност за повозрасните во Прилеп-Домот за стари лица во Прилеп.

8. М КЕШ ВРАБОТЕНИТЕ СО ХУМАНА АКТИВНОСТ ВО АЕРОДРОМ-Кречење на две училници во ООУ „Блаже Конески“ – Аеродром, Скопје и засадени 50 бели и розеви бегонии,

9. Празникот е поубав кога се споделува – MCash во акција за Курбан Бајрам

10. За подобро утре „Од срце за срце“-за пет социјално загрозени семејства во Гостивар

11. Кога љубовта кон родниот град станува дело – вработени од М Кеш донираат клупи во Дебар

Дали освен вашите вработени имате и други фирми или физички лица кои ви се приклучуваат за време на хуманитарните акции?

„Вработените се оние кои ја носат во себе хуманоста и човечноста како дел од нашата корпоративна култура и самоиницијативно и редовно се вклучуваат во повеќето активности кои ги презема компанијата во таа насока.

Иако „Од срце за срце“ започна од внатре, од нашите вработени и нивната искрена желба да придонесат, многу брзо прерасна во нешто поголемо, поотворено и пошироко. Веќе на првите неколку акции, видовме како луѓето од заедницата – родители, наставници, соседи, дури и случајни минувачи – самите се нудеа да помогнат. Ни се приклучуваа при бојадисување, при носење пакети, при организација на активностите. Соработувавме и со градинки, училишта, здравствени установи, па дури и со мали локални бизниси, кои несебично подарија дел од своите производи или услуги.

Тоа што започна како корпоративна иницијатива, стана движење што обединува, и тоа е најубавото – гледаш дека добрината има моќ да инспирира. И токму тоа ни е целта за понатаму: да изградиме заедничка мрежа на хуманост, каде што сите – без разлика дали се дел од нашата компанија или не – ќе можат да се вклучат, да помогнат и да бидат дел од нешто што навистина има значење.

Во план ни е да ги вклучиме и нашите клиенти, партнери, па и пошироката јавност, преку отворени повици и заеднички иницијативи. Затоа што хуманоста не познава граници, функции или позиции – таа се шири кога се дели.

На крајот на денот, целта не ни е само да направиме добра акција – туку да поттикнеме вредност. Да потсетиме дека сите можеме да бидеме дел од промена, и тоа не со големи работи – туку со едно срце што сака да направи разлика.“

И за крај, кажете ни Бјанка, како дојдовте во М Кеш, кога беше тоа и каде ја гледате оваа компанија во следните 10 години?

„Многу интересно за мене е ова прашање. Крајот на 2015 аплицирав за позиција административен асистент во М Кеш каде добив можност да станам дел од тимот. Мојот пат не беше воопшто лесен, се соочив со многу лични и професионални предизвици, но решив да истраам – и денес сум благодарна што сум тука, еве ме 10 години.

Во тоа време бевме една канцеларија од 90 квадрати и 10 вработени и еден онлајн канал, а денес сме над 200 вработени, речиси 60 ПП, уште еден бренд под капата на М Кеш – Фин кредит, М Брокер, АКДП, задоволни клиенти, високо мотивирани вработени и тим од професионалци со отворени умови и визија каде целиме кон она што ни е во ДНК на нашата групација откривање нови пазари, иновации и бизнис идеи, и да придонесеме за подобрување на општеството и условите во кои живееме. Она што е силна страна на нашата групација и компанија е кариерниот развој и инвестирање во вработените не само во својата матична земја туку и ширум светот. Јас сум еден таков пример каде моите директни и индиректни претпоставени го препознаа потенцијалот во мене, неуморно работеа со мене, каде почнувајќи како адиминстративен асистент преминав на позиција менаџер на човечки ресурси и администрација потоа бев назначена за Генерален директор на М Кеш.

Бев на функција директор на човечки ресурси, финансии и администрација. Извесен период како резултат на мојата лојалност и пожртвуваност кон компанијата и целокупното раководство, бев и Генерален директор и на М брокер. Сега сосем спокојно повторно не би рекла работам, а го живеам мојот живот на позиција Заменик Генерален директор во М Кеш и сум член на бордот на директори во М брокер.

Како сублимат од мојот кариерен пат сакам да истакнам дека неспорен е фактот дека мојот труд, работа од срце, пожртвуваност и лојалност резултираат со исклучително позитивен развој за мене во нагорна линја, каде денес сум една среќна професионално остварена жена лидер. Мојот успех беше забележан и на државно ниво, 2024 година го добив признанието за една од 32 извонредни личности по повод 32 години независност на МК под проектот Иднината Почнува Дома. „За 10 години, го гледам М Кеш како водечки финтек бренд не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Се стремиме кон сè поголема дигиталната трансформација каде ќе понудиме иновативни финансиски решенија останувајќи пример за транспарентност, етика и грижа за клиентите. Верувам дека М Кеш ќе биде препознаен и по своето општествено влијание, преку хуманитарни иницијативи и партнерства со заедницата, и ќе го задржи човечкиот пристап кој не издвојува од другите. Тоа е компанија со визија, и јас се гледам како дел од таа визија. Вистинската сила на оваа компанија не е во бројките, туку во луѓето. Ги следиме чекорите на она што е во ДНК на нашата групација МФГ каде иновативноста, дисперзираните услуги и дејности како и успешно поставување на нови пазари е она по што сме препознатливи.

Покрај земјите на кои успешно оперираме во изминатиот период – Бугарија, Романија, Полска, Хрватска, Шпанија наскоро стартуваме и во Кенија, Перу и Мексико а се разбира имаме и други проекти на локално ниво за кои ќе говориме во следна прилика кога ќе дојде вистинското време …

Општо кажано М Кеш е дел од МФГ голема групација распространета на два континента (Европа и Северна Америка), за којс одговорноста и грижата за луѓето и клиентите и како целина е од првостепена важност. За мене не е само јубилеј на компанијата, во М Кеш навистина ми е срцето, како мајка на две прекрасни деца кои се мојот живот, мојот пат е таков да М Кеш е мојот дом. Бескрајно благодарна сум на колегите во М Кеш за довербата, директни и индиректни претпоставени колеги од Бугарија кои веруваат во мене и ме ценат и вреднуваат и мојот Генерален Директор – Станислав Башов каде секојдневно преку доверба, лојалност, почит и професионализам се стремиме да ги донесеме најдобрите одлуки за компанијата и вработените, исправено стоиме пред предизвиците, носиме одговорност за нашите постапки, храбро носиме се што е потребно на нашиот грб и го управуваме М Кеш!

Во М Кеш научив многу лекции, созреав, ги победив сите стравови, ја добив најголемата поддршка, научив да чекорам цврсто со исправена глава. Во М Кеш научив дека човечноста, чесноста, лојалноста и вистината се светилки што треба да не водат во животот и бизнисот, искуството ме изгради во ова што сум денес дама лидер која важи за позитивен пример каде секојдневно се водам од поуката дека знаењето дава моќ но однесувањето создава почит!“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер