Од полноќ бензините поскапи за три, дизелот за шест денари за литар - Канал 5

Од полноќ бензините поскапи за три, дизелот за шест денари за литар

Од ноќеска на полноќ бензините се зголемија за три денари за литар, а дизелот за шест, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

 Од полноќ бензините поскапи за три, дизелот за шест денари за литар

Од ноќеска на полноќ бензините се зголемија за три денари за литар, а дизелот за шест, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, откако владата вчера донесе одлука за намалување на акцизите на бензинот за еден денар и на дизелот за два денари за литар

Според новата цена од полноќ Еуросупер Бс-95 се продава за 90 денари за литар, а Еуросупер Бс-98 за 92 денари за литар, новата цена на дизелот изнесува 94 денари за литар.

Екстралесното масло за домаќинство се зголемува за 7 денари за литар и ќе чини 93 денари

Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните, информираа од владата посочувајќи дека без истата , согласно пресметките на владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, а кај дизелот за околу 8 денари за литар...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија

Урнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. 

Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија

Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“.

Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива.

Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време.

И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Ова се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина.

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила.

Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица.

Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот.

-Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР

Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Билатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари- ова било во фокусот на средбата меѓу македонската и индиската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму во Скопје. На првата официјална посета на земјава откако се воспоставени дипломатски односи меѓу двете држави, претседателката на Индија беше пречекана со највисоки државни и воени почести, тет-а-тет и билатерален состанок меѓу делегациите. На прес конференција со Сиљановска ги кажаа амбиционзните цели за во иднина, нашата претседателка добила покана за во Њу Делхи, а изразија надеж и дека пријателските односи ќе бидат потврдени со отворање на резидентна амбасада на Индија во Скопје.

-Нашите две нации ги поврзува исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познавал – Света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа го посвети својот живот на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. / Со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија.

-Со оваа посета се потврдени пријателските врски, споделените вредности и взаемната почит меѓу двете нации. Целта е да се промовира поинтензивна трговска размена и инвестиции, како и да се охрабри соработката меѓу бизнис заедниците. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем,- Друпади Мурму – претседателка на Индија.

По средбите во претседателската вила, Мурму го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас кадешто положи цвеќе.

Индиската претседателка попладнево учествува и на македонско-индискиот бизнис форум, а утре заедно со Сиљановска ќе ја посетат спомен куќата на Мајка Тереза и Музејот на Град Скопје кадешто ќе ја откријат новата биста на Махатма Ганди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер