„Од нас за нас": За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Да се почитува правото на избор при секоја медицинска интервенција, вклучувајќи ја и вакцинацијата и секој родител да ги добие информациите пред секое вакцинирање и да одлучи согласно со своите убедувања .

– Тоа се заклучоци од дводневната конференција „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме" која се одржа во Скопје.

Организаторот на конференцијата, здружението „Од нас за нас", соопшти дека било заклучено и да се формира национална лабораторија за контрола на квалитетот на вакцините, да се спроведува вистинска статистика на нус-појавите кај одредени лица при вакцинација и да се формира фонд за обесштетување на лицата кај кои вакцините предизвикале негативни последици.

На настанот имаше 150 гости и експерти и лекари од земјава, Словенија, Хрватска и Србија, кои на оваа тема дискутираа од правен и од здравствен аспект.

– На конференцијата не дојдоа претставници од министерствата за здравство и за образование, како и од Институтот за јавно здравје, за да разјаснат врз основа на кои аргументи ги дискриминираат првачињата и претшколските деца и ги исфрлуваат од училиштата и градинките, соопшти Здружението „Од нас за нас".

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер