Од 1 јуни се подигаат рампите меѓу Србија, Бугарија, Романија и Грција - Канал 5

Од 1 јуни се подигаат рампите меѓу Србија, Бугарија, Романија и Грција

Веднаш по зеленото светло од премиерот Мицотакис, грчките хотелиери и угостители се фрлија на подготовка на грчките плажи. 

 Од 1 јуни се подигаат рампите меѓу Србија, Бугарија, Романија и Грција

Лежалките и чадорите на пристојна дистанца се поставуваат долж крајбрежјата. Туристичките работници признаваат дека сепак пандемијата ги променила правилата на играта, зашто фокусот на вниманието прв пат прв пат ќе биде да се обезбеди сигурноста на посетителите во услови на пандемија.

-Ќе направиме се што е можно собите да бидат проверени и да бидат празни на неколку дена откако некој гостин ќе се одјави, за да може истите да се исчистат и да се тргне секоја потенцијална опасност. Семејствата ќе можат да бидат заедно во соба, но ќе гледаме да бидат одделени преку една соба од останатите посетители.“вели Филип Руж Десарпс– хотелски менаџер.

Десарпс вели дека приоритет во хотелите е да се избегне атмосферата на глобална епидемија. Предвидено е на гостите да им се мери температура, а перосоналот да подлежи на зачестени тестирања. Приоритет треба да биде одржувањето на социјалната дистанца и обидот да се задржи позитивната атмосфера кај туристите.

Ќе биде предизвик, а ние мора да се осигураме дека хотелот нема да изгледа како болница. Мораме да направиме опкружување во кое луѓето кои ќе се сместат ќе чувствуаат сигурност и ќе можат да одмораат заборавајќи на се останато.

Странскиот туризам во Грција ќе стартува на 15 јуни, а туристите нема да бидат подложни на задолжителни тестирања, ниту пак на карантин, особено оние кои доаѓаат од земји со добри епидемиолошки карактеристики. Сепак владата ја задржува можноста за тестирање по случаен избор, како мониторирање на ситуацијата.

Премиерот Мицотакис соопшти дека доброто справување на земјата со коронавирусот ќе биде најголемата гаранција за посетителите.

„ Нашето справување со епидемијата ќе биде пасош за безбедност, кредибилитет и здравје. Ќе победиме во економската војна како што победивме во здравствената, истакна Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.

Рестриктивните мерки на Грција ѝ нанесоа сериозен удар на економија, чиј клучен дел е туризмот, кој е одговорен за повеќе од 10% од БДП. Минатата година повеќе од 34 милиони туристи ја посетиле земјата и потрошија над 18 милијарди евра. Затоа, Грција очекува оваа летна сезона да трае до ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Најдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички награди

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Уметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. 

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија.

„Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“

Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери.

„Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“

18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер