(Обновено)Француски научници велат дека хрватскиот Сумамед помага против коронавирусот - Канал 5

(Обновено)Француски научници велат дека хрватскиот Сумамед помага против коронавирусот

Француски научници објавиле студија која потврдува дека комбинација од лек против маларија и антибиотикот азитомицин, откриен во Загреб 1980 година може да спаси многумина.Подолу и целата студија

(Обновено)Француски научници велат дека хрватскиот Сумамед помага против коронавирусот

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за француката студија која потврди дека со комбинација на лековите за маларија и антибиотикот азитомицин или Сумамед, постигнува фантастични ефекти во лечењето на заболените од коронавирус.

Азитромицин, инаку антибиотик наменет за инфекции на дишните патишта и меките ткива, откриен е во Загреб во тогашниот истражувачки центар во тогаш уште хравaтската фармацевстка фабрика Плива во 1980 година.

Дури и Доналд Трамп овие денови побарал оваа комбинација од лекови веднаш да се стави на располагање за пациентите.
Еве ја целата студија, благодарение на нашата читателка Меланија Крамарска линк

Графикон за тоа како пациентите реагираат на комбинацијата на овие два лека

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме.

На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле.

До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

Околу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа.

Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади.

Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор.

По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни.

Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии.

„Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна додека патролираше низ шумските пожари во рускиот регион Иркутск се пронајдени живи по дводневна потрага.

Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации.

Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости.

Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира.

Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер