„Нурни во мене“ - самостојната изложба на Сашо Блажес - Канал 5

„Нурни во мене“ - самостојната изложба на Сашо Блажес

 Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“.

„Нурни во мене“ - самостојната изложба на Сашо Блажес

-После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид, информираат од Завод и Музеј - Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје, додека критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска-Михајловска.

-Проектот на македонскиот уметник Сашо Блажес насловен „Нурни во мене“, уште во самиот наслов посочува на длабоко личен, но, во исто време, и философски процес на осознавање на нештата кои се наоѓаат во „длабочините“. Свесноста за истражување на слоевитоститезад појавноста или она што се наоѓа под / позади првичната појавност, се должи на љубопитноста и фасцинацијата на авторот од мистериозното, без оглед дали станува збор за неистраженоста на она што не опкружува – природа или универзум, или она што се наоѓа длабоко во човекот. Феноменот човек или себство, веројатно содржи немерливи димензии како универзумот, а податоците за овие простори (универзумот и човековиот мозок) говорат за минимална процентуалност на нивната истраженост.Следствено, сликите од циклусот „Нурни во мене“секоја за себе и сите заедно може да се толкуваат и како метафора за одреден вид мултиверзум, односнохипотетичкизбирнауниверзуми, бидејќи говори за „сèштопостои: целинатанапросторот, времето, материјата, енергијата, информациите и физичкитезакони и константитекоигиопишуваат“ или пак „напоредниуниверзуми“, термини кои се присутнидури од грчката филозофија, посочува Чанкуловска-Михајловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСО

Владата нема да бара покачување на цената на електричната енергија и покрај алармантната состојба на светските берзи, но дали и колку таа ќе се зголеми ќе зависи и од ЕВН и МЕПСО.

Државните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСО

Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните од 1 јануари ќе плаќаат поскапа струја. Тој посочи дека е договорено АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум да достави понуда со иста цена како минатата година.

– Што се однесува до државата ние ќе се обидеме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Направивме еден бизнис план со кој што нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде со иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија е АД ЕСМ и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит, кој што би го остварила оваа компанија, таков е овој бизнис модел што го креиравме и да видиме сега дали ќе функционира,- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За разлика од струјата, кај парното поскапувањето ќе биде неизбежно. Мицкоски рече дека барањето за покачување на цената е значително, особено поради трикратно повисоката цена на гасот во однос на истиот период лани, но дека Владата ќе се обиде поскапувањето да го сведе на минимум.

- Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување, многу големо. Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за ист период, но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум . може да се издржи и со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата и електричната енергија и затоплувањето во Европа,- ,- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот кажа и дека го добиле одговорот на студентите за промена на моделот на финансирање на студентскиот оброк. Најави дека повисок износ ќе добиваат од следната учебна година, а во тек е и активирањето на онлајн платформата М-Услуги, преку која ќе го остваруваат ова право. Дополнително, студентите ќе можат да користат и попусти во одредени угостителски објекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Невообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. 

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми.

Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани.

„Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош.

Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување.

Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции

7,16 милијарди евра планира да потроши државата во следната 2027 година.. 

Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции

Според предлог буџетот кој влезе во собраниска процедура, планирани се приходи од 6,43 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит е проектиран на 731,7 милиони евра.. Капиталните инвестиции се за околу 70 милиони евра помалку, односно предвидени се 663,4 милиони евра.

Министерката за фианснии Кочоска, во своеото експозе кажа дека очекува ваквиот буџет да го продолжи трендот на раст на економијата, што се бележи во претходните две години.

-Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 проценти. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат раст од 6,8 проценти, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори. Приватната потрошувачка се очекува да бележи раст од 2,5 проценти, поддржана од растот на расположливиот доход, зголемувањето на вработеноста и платите, редовното усогласување на пензиите и растот на кредитирањето на населението,- Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии.

Од Фискалниот совет предупредуваат дека и покрај проектираното подобрување на буџетското салдо, остварувањето на планираниот дефицит останува изложено на ризици. Во 2027 година државата треба да сервисира долгови во вкупен износ од околу 2 милијарди евра, меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева во март следната година.

-Предлог-буџетот за 2027 година предвидува номинално намалување на дефицитот, а неговото остварување останува изложено на значајни ризици. Тековната буџетска година нè упатува да бидеме претпазливи кон овој ризик. Имено, согласно проекциите, приходите растат побрзо од расходите и се планира подобрување на примарното салдо,- Абдулменаф Беџети – претседател на Фискален совет.

Од опозицијата, пак, критикуваат дека буџетот не е доволно развоен и дека најголемиот дел од средствата се наменети за тековно функционирање на системот, наместо за капитални инвестиции.

- 91 процент од расходите се наменети за тековно функционирање на системот, додека 9,3 проценти непосредно се издвојуваат за капитални вложувања. Државата издвојува огромни средства за да ја одржува економијата каква што е, додека развојниот маневарски простор останува намален. Додека Владата се обидува да нè увери во постоење на фискална стабилност, јавниот долг достигна 10,93 милијарди евра. На крајот на 2023 година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Тоа се дополнителни 2,5 милијарди евра долг,- Фатмир Битиќи – СДСМ.

Најголем дел од расходите во буџетот, односно околу 3,6 милијарди евра, ќе бидат наменети за социјални трансфери. За пензии се предвидени околу 2 милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор околу 930 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер