„Ново кино утро“ од среда во Кинотека

Со фантастичната филмска авантура „Перси Џексон“ во режија на Крис Колумбус од 2010 година, со Логан Лерман, Пирс Броснан и Ума Турман во улогите, Кинотеката на Македонија во среда ќе го почне годинашното „Ново кино утро“.

На програмата се филмови за деца и млади кои ќе бидат прикажувани од 12 часот и ќе имаат репризи следниот ден. На 11-ти и 12 јануари е американскиот анимиран „Облачно со дожд од ќофтиња“ по сценарио и режија на Фил Лорд и Крис Милер (2009). На 13-ти и 14 јануари францускиот „Јас, Цезар“ од 2003, во режија на Ришар Бери, на 15-ти и 16 јануари американскиот „Мармадјук“ од 2010 на режисерот Том Деј, а на 17-ти и 18-ти - „Алвин и верверичките 2“, американски од 2009 година, во режија на Бети Томас.

Кинотеката овој месец ќе прикаже и два современи македонски документарни филма. На 10 јануари премиера на „Сведоци: Канада“ во режија на Атанас Чупоски, кој ќе биде репризиран на 27 јануари, а на 21-ви и 22 јануари - документарецот на Марија Џиџева „Барајќи си ја среќата“. Од 24 јануари во рамки на програмата „Мајстори на македонскиот аматерски филм“ ќе бидат прикажани кратки и документарни филмови на Стефан Сидовски и Петре Чаповски.


На програмата „Француски кино клуб“, пак, во двата последни четвртока од месецот (23-ти и 30 јануари) ќе бидат прикажани „Брана наспроти Пацификот“ на режисерот Рити Пан (2008) и „Армија на стравот“ на Жан Пјер Мелвил (1969).


На крајот на месецот во „Ризница на Кинотеката“ ќе бидат прикажани два македонски филма: на 26-ти и 27 јануари „Каде по дождот“ во режија на Владан Слијепчевиќ од 1967 година, а на 29-ти и 31 јануари - „Јужна патека“ во режија на Стево Црвенковски, снимен во 1982.


Кинотеката најави дека оваа година на македонските гледачи ќе им ги доближи кинематографиите на две земји - Словачка и, најверојатно, Бразил. Во март ќе организира Јапонски филмски фестивал, а и годинава ќе ги има програмите „Финестра италијана“ и Денови на франкофонијата.


Главниот настан во 2014 за Кинотеката ќе биде во мај кога таа ќе биде домаќин на конгресот на ФИАФ (Интернационална федерација на филмски архиви) на кој ќе учествуваат околу 200 претставници на кинотеките од цел свет. Конгресот ќе биде посветен на 100 години од почетокот на Првата светска војна.

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер