Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
Свет Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!Ирански трговски брод бил погоден рано утринава во близина на островот Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, во нападот загина едно лице, а тројца се повредени, објавија иранските државни медиуми. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно ги блокираше иранските пристаништа и ги напаѓаше бродовите што пловеа под иранско знаме. Нападот врз иранскиот брод се случува во време кога продолжуваат тензиите околу овој воден пат, кој се сметаше за меѓународен пред САД и Израел да започнат војна против Иран на 28 февруари оваа година. Иран објави дека министрите за надворешни работи на земјите од регионот денес ќе се состанат за да разговараат за напорите на Иран и Оман – земја што се наоѓа на спротивната страна од Ормускиот Теснец – во управувањето со поморскиот сообраќај што се одвива низ него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РМ. Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, стои во соопштението од Јавното Обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдатаПолитичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството. Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите. Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лагаШефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје. Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста. Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија. Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните. Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска. Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии. Значи, граѓаните платија. И тоа - многу платија. Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика. Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано. Пензиите - 16 пати. Економијата - трета во Европа. Туризмот - први. Авиосообраќајот - лидери. Платите - најбрз раст. Концертот - 200.000 славиле. Сметката - нула. Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса. Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија. Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката. Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија. До кога, арамијо? Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија. Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter