3Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош
Живот Нов закон за двојното државјанство во Германија – Еве што се менува! Нов закон за двојното државјанство во Германија – еве што се менува...Повеќе од четвртина на граѓаните во Германија имаат мигрантско потекло, а кај децата под 14 години, повеќе од една третина се со мигрантско потекло. Покрај тоа, во земјата живеат околу 13,5 милиони граѓани без германско државјанство - 16 % од населението. Но, кога станува збор за натурализација, односно за доделување државјанство на странци, Германија е меѓу последните во Европа. Причината за тоа се рестриктивните услови кои мора да се исполнат за да се добие државјанство. Неодамна владејачката коалиција на Социјалдемократите, Зелените и Либералите во сојузниот парламент, Бундестагот, претстави предлог за нов Закон за државјанство, со кој би се промениле сегашните строги услови, пишува Дојче Веле. Најголемата пречка досега беше одредбата која генерално инсистира на принципот на едно државјанство, вели Џули Шефер, адвокатка специјализирана за право за странци во канцеларијата „Schlun & Elven z Köln“. „Она што првенствено ги спречува потомците на поранешните гастарбајтери, да речеме од Турција или земјите од Западен Балкан, да добијат германско државјанство е условот да се откажат од претходното. Германија е една од ретките западни земји кои сè уште инсистираат на тоа. “, нагласува Шефер. Со нацртот на новиот закон се предвидува откажувањето од претходното државјанство повеќе да не е услов за стекнување германско, а истовремено се скратува времето потребно за континуиран легален престој во земјата од осум на пет години - како што е веќе случај во повеќето европски земји, објаснува германската адвокатка. Во оваа насока, многу е важно што со новиот закон се воведува некаков вид автоматизам: „Двојното државјанство е формулирано како начелно право. Тоа значи дека кога се исполнети другите услови, надлежните служби мора да го натурализираат барателот“, нагласува Шефер. Според сегашниот закон, исклучок од правилото се граѓаните на ЕУ, кои можат да имаат двојно државјанство без проблем. А, по долга процедура, со двојно државјанство се стекнуваат и оние кои доаѓаат од земјите кои не ги ослободуваат своите граѓани од државјанство - или затоа што не сакаат, или затоа што таму тоа воопшто не е законски предвидено. Такви земји се, на пример, Сирија, Јужна Африка, Авганистан, Алжир или Иран. Сегашните одредби во Законот за државјанство најмногу доаѓаат од Законот за припадност на империјата и државата од 1913 година, кој едноставно беше преземен во повоена Германија. Дури во 2000 година зборот „царски“ беше исфрлен од името на законот. Тој закон почива на принципот на потекло и национална хомогеност (Volksnation): кој е германски државјанин, значи Германец, не може истовремено да биде и нешто друго. Како причина се наведувало дека граѓанинот може да биде лојален само на една држава. Тој аргумент против двојното државјанство и денес го користат противниците на реформата. Тие тврдат дека двојното државјанство води до внатрешен конфликт околу лојалноста и дека луѓето кои сакаат германско државјанство треба да донесат јасна одлука. Покрај тоа, тие стравуваат дека лице со две државјанства може, кога треба, да ги избегне германските закони повикувајќи се на второто државјанство и статусот на странец. Целта на реформата на Законот за државјанство е, од една страна, Германија да стане поатрактивна имиграциска земја за квалификувани работници. Итовремено, стана јасно дека модерната и отворена политика за имиграција и интеграција е клучна за социјалната кохезија во Германија. Покрај потребната должина на легален престој во земјата, постојат и други услови за добивање германско државјанство. Еден од нив, кој останува непроменет во новиот предлог, е лицето да не е законски осудувано за кривично дело. Дополнително, сè уште е неопходно лицето да поседува сертификат за познавање на германски јазик, со тоа досега потребното напредно ниво Ц1 е сведено на поедноставно ниво Б1, а предвидени се исклучоци за посебни случаеви, кога е потребна само способност за основна комуникација. Исто така, се пропишува и обврската лицето да се помине т.н тест за натурализација со кој се предвидени познавања на основни информации за Германија. Добивањето двојно државјанство би требало да биде олеснето за странските студенти: доколку најдат работа веднаш по завршување на студиите и почнат да работат, времето на студирање би им се признало како време поминато во Германија и ќе се смета во потребните пет години престој пред да аплицираат. Предлогот на новиот Закон за државјанство владејачката коалиција го презентираше во Бундестагот на крајот на мај. Се очекува предлогот наесен да биде доставен во редовната законодавна процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПартиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банкаСватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди двата официјални државни документи на владина седница која се одржала на 6 јуни 2023 година претседавал првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски се разгледувала Информацијата за продажба на акциите во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот и под заклучок број 6 се носи Одлука за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола! И погледнете кој се потпишува на оваа одлука: во „Службен весник“ број 123, под Одлуката број 41-3733/8 за продажба на акциите на Стопанска банка АД Битола, стои лично потписот на десната рака на Али Ахмети — Артан Груби! Откако јавно објавиле како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ зел кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денеска велат приложуваат доказ кој покажува како државниот врв на ДУИ институционално го започнал и расчистил патот за влез на Алта банка во Македонија. - Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН. Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. -Сега, кога се фатени на дело со сопствените потписи во документите за продажбата на Стопанска банка – Битола на белградската Алта Банка, функционерите на ВМРО од ВЛЕН се обидуваат да го пренасочат вниманието со обвинувања и банални спинови. Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Северна Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети. -Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?, изјави Манасиевски. Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта. - Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот, изјави Борозан. Сватот на Али Ахмети, Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар. ДУИ претходно ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. Од партијата на Ахмети реагираат дека иако побарале, не добиле јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите против нив, за што и тие најавија дека ќе поднесат тужби за клевета следнава недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помошАудиоснимки на кои наводно Ива Михаилова тврди дека била изложена на притисоци и уцени додека се лекувала во Софија, објави бугарскиот јутјубер Станислав Цанов. Тврди дека се направени ден пред таа да го откаже закажаното интервју кај него. Михаилова раскажува дека лице од бугарската државна агенција за национална безбедност – ДАНС, ѝ било поставено услов да гостува кај новинарот Мартин Карбовски, што инаку се случи во ноември, бидејќи, како што ѝ било кажано, тие имале целосна контрола врз него и можеле да му кажат што да ја прашува. Во спротивно, како што вели, и рекле дека би можела да остане без платената рехабилитација. -Ако го направиш тоа, еве што ќе се случи. Рехабилитацијата која ми претстои е специјализирана е супер скапа и државата кажа дека ќе ја преземе. Затоа што немаше да стигне до ништо ако навремено бев лекувана, а тие не ме пуштија. Тие кажаа дека ќе ја покријат како и сите останати расходи. И кажаа дека целосно ќе се повлечат со се и ништо повеќе нема да помогнат. Ни со адвокати ни со ништо. -И ми викаат (ДАНС) првин ќе излезеш кај Карбовски, затоа што ние имаме целосна контрола над него. Ќе му кажеме какви прашања да ти поставува. Во друг разговор што го водат по телефон, Михаилова му кажува на Цанов дека зад неа се неколку тешки денови на психички притисок. -Тука понекогаш ми доаѓа премногу да знаеш, но јас го направив мојхот дел. Клипот на Карбовски е прикачен пред малку. Ми рекоа (ДАНС) ако не снимам првин кај него (Карбовски), каде и да снимам на друго место ќе биде избришано и дека нема да ја добијам рехабилитацијата која ми е потребна. -Беа неколку доста тешки дена тука. Ама ќе ти раскажам кога ќе се видиме во живо, што се претрпев. Беше доста тешко психичко тормозење. Има работи кои не сакаат да ги кажувам. -Тоа звучи како да си некаков заложник кој треба да прави тоа што тие ќе го посакаат. -Речиси сите сме така кои „си имаме работа“ со државата. Денеска пак Михаилова преку објава на социјалните мрежи, не ги негираше снимките, но ги отфрла тврдењата дека била принудувана или уценувана во Бугарија за било што. Како што пренесуваат бугарските медиуми, таа порачала дека во Бугарија добила помош, грижа и поддршка, дека не сака да биде вовлечена во политички пресметки. Но, денешното негирање на Михаилова, не ги смири жестоки реакции кај опозициските партии во Бугарија. Тие бараат истрага за постапувањето на ДАНС и проверка дали во случајот биле вмешани политичари од владејачката партија. Елисавета Белобрадова која како пратеник на „Демократска Бугарија“, и активист за човекови права која присуствуваше и на сите судски рочишта против Ива Михаилова во Кочани побара оставка од првиот човек на тајните служби. -Бугарската држава треба да ја заштити Ива Михаилова во секој еден момент. Затоа ние како парламентарна група ќе побараме сослушување во Народнотро собрание, ќе го поставиме прашањето пред премиерот, ќе го поставиме прашања до самата ДАНС, ќе бараме формирање на времена комисија за да може да се истражи тој случај. И најважното што ќе го направиме е да побараме оставка од шефот на ДАНС, господин Тончев. – Елисавета Белобрадова – Пратеник на Демократска Бугарија На 23 годишната Ива Михаилова во кочанскиот основен суд и се суди за сообраќајката со смртни последици од лани. Судската постапка во Кочани продолжува во отсуство на Михаилова откако таа избега од земјава и покрај определените мерки, а следното рочиште е закажано за 27 ноември. Судот го одби нејзиното барање да учествува преку видеоврска од Бугарија, додека обвинителството бара дополнително медицинско вештачење за да се утврди дали нејзината здравствена состојба навистина барала лекување надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook